ФФМ стартуваше со процесот за измена на Статутот

July 10, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

– Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава. Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ, истакна претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ.

Со овој процес започнува ново, суштинско поглавје за Фудбалската федерација на Македонија, кое треба да обезбеди поголема отчетност, ефикасност и вклученост на сите засегнати страни во фудбалската заедница. Очекуваме инклузивна и продуктивна работа на сите учесници и донесување на документи кои ќе го осигураат долгорочниот развој на македонскиот фудбал.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот на жртви во Газа близу 57.800, Израел ја продолжува геноцидната војна против Палестинците

Следно

Турција со вкупно 108,8 милиони патници во воздушниот сообраќај во првата половина од 2025 година

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop