Screenshot

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

July 4, 2026
1 min read

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија.

Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија.

Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија. Системот поддржува работа со електроенергетската мрежа, целосно независно или во комбиниран режим и е наменет за комерцијални и индустриски корисници.

 

Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, ФЕРО ИНВЕСТ нуди комплетна услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање, испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и секојдневно управување, со цел инвеститорите да го добијат максималниот економски ефект од својата инвестиција.

Од компанијата велат дека искуството покажува оти успехот на еден батериски проект зависи и од квалитетот на технологијата, но и од правилното инженерско решение и стручната реализација.

„Кога инвестирате во батериски систем, не купувате само батерија, туку избирате партнер кој ќе биде одговорен за нејзиното проектирање, интеграција, управување и сигурна работа во следните 15 години.

Батерискиот систем е сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, да се интегрира со електраната и електроенергетската мрежа, да се усогласи со сите технички и законски барања, а потоа и секојдневно да се управува со неговото работење. Затоа изборот на компанијата што ќе го реализира проектот е исто толку важен како и изборот на самиот батериски систем“,потенцираат од ФЕРО ИНВЕСТ.

Компанијата досега учествуваше во реализација на проекти со вкупен капацитет од над 250 MWh, додека дополнителни околу 70 MWh се во фаза на изведба. Воедно, ФЕРО ИНВЕСТ го реализираше и првиот лиценциран батериски систем во Македонија, кој веќе е во редовна комерцијална експлоатација.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)

Следно

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3% покажува правилно насочување на буџетските средства

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ДЗР до поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните пари

20 август 2026, Скопје – Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката

Битола со нова опрема за „Петар Милошевски“: Набавени шест машини за одржување на стадионот

Општина Битола набави шест специјализирани машини со кои ќе се подобри одржувањето на стадионот „Петар Милошевски“. За набавката се издвоени 4.373.551 денари, средства кои биле планирани во Буџетот на Општина Битола за

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира
Go toTop