Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед

March 11, 2025
1 min read

Еден од најтрофејните тренери во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон позитивно реагираше на веста дека клубот планира да изгради нов стадион на местото на легендарниот „Олд Трафорд“.

Новиот стадион на Манчестер јунајтед ќе има капацитет од 100.000 гледачи.

„Манчестер Јунајтед секогаш мора да се стреми да биде најдобар во сè што правиме, на теренот и надвор од него, вклучително и стадионот на кој играме. „Олд Трафорд“ чува толку многу посебни спомени за мене лично, но мора да бидеме храбри и да ја искористиме оваа можност да изградиме нов дом, погоден за иднината, каде што ќе се пишува нова приказна“, изјави Фергусон.

Манчестер Јунајтед под водство на Фергусон од 1986 до 2013 година освои 13 премиерлигашки титули, пет трофеи во ФА Купот, а два пати ја освои Лигата на шампиони на УЕФА.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

Следно

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

Latest from Blog

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Go toTop