Фејсбук воведува асистент базиран на вештачка интелигенција за запознавање сродни души

September 23, 2025
1 min read

Американската компанија Meta, сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека ќе воведе асистент базиран на вештачка интелигенција (AI) во својата услуга Facebook Dating, која ќе им помага на корисниците да најдат сродна душа.

Вештачката интелигенција ќе може да предложи на корисниците да, на пример, бараат „девојка од Бруклин која работи во технолошката индустрија“, или да го подобри профилот на корисникот, за да биде попривлечен за потенцијални партнери, пренесува TechCrunch.

Новиот алат „Meet Cute“ќе им нуди на корисниците секоја недела „изненаден среќен состанок“, одбран од алгоритам, со што, како што објави Meta, ќе се намали заморот од бескрајно листање на профили.

Компанијата истакнува дека оваа функција ќе го олесни откривањето нови контакти, особено кај младите корисници.

Бројот на млади корисници на возраст од 18 до 29 години кои создаваат профили на Facebook Dating се зголемил за 10% во однос на минатата година, иако вкупниот број сѐ уште е помал од конкуренцијата, како што се Tinder и Hinge, кои бележат десетици милиони дневни активни корисници.

Facebook Dating е достапен во САД, во поголемиот дел од Европа, и во други региони, но за сега не е официјално лансиран во Северна Македонија.

Асистенти базирани на вештачка интелигенција веќе стануваат стандард во апликациите за запознавање, а извршната директорка на апликацијата Bumble, Витни Волф Херд, дури разгледува можност за воведување алат кој би учествувал на состаноци наместо корисниците.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Следно

Иран изврши 1.000 егзекуции оваа година

Latest from Blog

Во тек реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на
Go toTop