„Фејсбук дејтинг“ добива две нови ВИ-алатки

September 23, 2025
1 min read

Апликацијата „Фејсбук дејтинг“ (Facebook Dating) добива две нови алатки со вештачка интелигенција коишто ќе треба да им помогнат на корисниците во потрагата на нови познанства, пријателство и љубов.

Платформата, имено воведува четбот наречен „асистент за запознавање“ (dating assistant), што „ќе ги поврзува луѓето врз основа на нивните интереси“, се наведува. Во блог-објавата за најавата на функциите, компанијата „Мета“ посочи и пример каде што четботот може „да дава идеи за познанства или да им помогне на корисниците да го подобрат својот профил“, на пр., според наводите. „Асистентот за запознавање“, за почеток, ќе биде достапен во САД и Канада.

Новитетите имаат за цел „борба против заморувачкото ‘лизгање’,“ (поточно избирање на опциите ‘да’ и ‘не’), па така, ако користите „Фејсбук дејтинг“ или „Фејсбук“, таквото „лизгање“ со прстите или глувчето по екранот, се вели, ќе се намали.

Натаму, друг ВИ-додаток е „Мит кјут“ (Meat Cute), којшто користи „персонализиран алгоритам за спојување“, што ќе понуди „случајни совпаѓања“ меѓу двајца кои можеби ќе си се допаднат. Блог-објавата не појаснува како алгоритмот на „Мета“ ќе ги оценува потенцијалните партнери. Овој додаток може да се исклучи во секое време.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

Следно

Божиновска: Граѓаните ќе имаат корист од праведната енергетска транзиција

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop