ФБИ: „Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците и софтверите во уредите“

March 9, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, истакна дека Кина преку апликацијата ТикТок може да пристапи до податоците и уредите на корисниците, и преку тоа може да изврши операции на големи и сложени збирки на податоци (big data), јавува Анадолу.

Реј се обрати на сесијата во врска со глобалните закани против САД во рамки на Комитетот за разузнавање при американскиот Сенат, заедно со други високи безбедносни претставници во земјата.

Тој нагласи дека Кина, преку апликацијата ТикТок може да ги контролира податоците на милиони корисници, може да ги контролира софтверите кои се инсталирани во уредите, и преку оваа апликација може да влијае врз пристапот на корисниците во врска со некои теми.

Реј истакна дека сѐ уште не е сигурен дали ТикТок се користи за оваа намена.

Според него, за САД важна е разликата меѓу приватна компанија и јавно претпријатие, и додаде дека не постои некоја линија на поделба меѓу приватниот сектор и Комунистичката партија на Кина.

„Доколку ги прашате Американците дали сакаат сите нивни податоци, контролата врз нивниот уред и нивните податоци да и ги дадат на Комунистичката партија на Кина, поголемиот дел од Американците би кажале „Не. Заврши мојата работа со тоа.“ “, додаде тој.

Реј рече дека користејќи супер компјутери и вештачка интелигенција, Кина може да изврши бројни илегални активности, вклучувајќи шпионирање и кражба на ИП адреси.

„Тоа е контролирање на податоците со цел реализирање на било какви операции на големи и сложени збирки на податоци (big data). Тоа е контролирање на софтверите за да пристапи до милиони уреди“, истакна Реј.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: „Силната меѓународна солидарност и дава сила на Туркије по земјотресот“

Следно

Оваа категорија на граѓани од општина Аеродром нема да плаќаат градинка за своите деца

Latest from Blog

Невремето направи хаос во Хонгконг- училиштата затворени, не работат компаниите (ВИДЕО)

23 Повеќе летови се откажани и поради бурата, која достигна јачина од 170 километри на час, објави Ројтерс. Поголемиот дел од јавниот превоз во Хонгконг, вклучувајќи фериботи, автобуси и трамваи, е суспендиран. Училиштата

Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе
Go toTop