ФБИ ја прогласи експлозијата во клиниката за плодност во Калифорнија за „намерен терористички чин“

May 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Експлозијата пред клиника за плодност во Палм Спрингс, јужна Калифорнија, САД, вчера беше прогласена од страна на ФБИ за „намерен терористички чин“, јавува Анадолу.

Во експлозијата, која се случи непосредно пред 11 часот по локално време во Американски репродуктивни центри на Норт Индијан Кањон Драјв, загина едно лице, а четири беа повредени.

Идентитетот на жртвата која загина во експлозија на возило сè уште не е јавно обзнанена. Се верува дека никој од повредените не е вработен во клиниката.

„Ова е намерен терористички чин“, изјави на прес-конференција Акил Дејвис, помошник-директор на одделот на ФБИ во Лос Анџелес. „Веројатно една од најголемите истраги за бомбашки напади што сме ги имале во Јужна Калифорнија“, додаде тој.

Шефот на полицијата на Палм Спрингс, Енди Милс, потврди дека експлозијата дошла од возило и предизвикала голема штета. „Тероризмот затропа на вратата на Палм Спрингс“, рече Милс за време на истата прес-конференција. „Преживеавме… овој град ќе се издигне“.

Пожарникарите реагираа во рок од една минута, но беа принудени да се повлечат поради оштетувања на зградата. Властите идентификуваа осомничено лице и евакуираа некои домови во блискиот Твентнин Палмс како мерка на претпазливост, но службениците не потврдија поврзаност.

Д-р Махер Абдала од Американските репродуктивни центри рече дека персоналот не е повреден, и не е предизвикана штета на ембрионите. „За среќа … нашата лабораторија за ин витро оплодување е неоштетена. Ембрионите се безбедни“, изјави тој за Си-би-ес њуз.

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, го осуди чинот преку платформата Х, нарекувајќи го „непростлив“, додека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, рече дека државата тесно соработува со федералните власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

27 годишен маж од Ресен уапсен – возел без возачка дозвола и со 2.38 промили алкохол во крвта

Следно

Симбине истрча 100 метри за 9.86 секунди

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop