„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

February 25, 2025
2 mins read

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. Како солистка ќе настапи Селина От на труба (Австрија), а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата се два концерти за труба и оркестар од Томази и Хајдн, а на програмата се Симфонијата бр.2 од Јоханес Брамс.

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрирал во Израел, каде што дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски бил избран од страна на славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“. Тогаш ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.

По турнејата во поранешниот Советски Сојуз (СССР), која за него била значајна во кариерата, во 1991 година станал уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар прераснал во еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Жанеиро, со кој остварувал турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедеа. Во тој период, Шаровски го формирал Младинскиот симфониски оркестар на Бразил, кој станал еден од најпознатите ансамбли во земјата. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф диригент на Македонската филхармонија.

Селина От е добитничка на наградата „Opus Klassik“ во 2021 година, за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“, заедно со Радио-симфонискиот оркестар на Виена и диригентот Роберто Патерностро. Како прва жена во седумдесетгодишната историја на Меѓународниот музички натпревар „ARD“, Селина От ја освоила Првата награда во категоријата труба на само 20 години, во 2018 година. Тоа е и една од причините потоа да биде поканета да настапува со водечки оркестри, како WDR симфонискиот оркестар, Чешката филхармонија и Германскиот симфониски оркестар Берлин. Таа веќе има настапувано и со Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар под водство на маестро Валери Гергиев, со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта со маестро Иван Фишер, со Виенскиот симфониски оркестар, Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, Кралскиот филхармониски оркестар на Лиеж… Како солистка, Селина От настапувала во престижни концертни сали како виенскиот Концертхаус, Музиквереин во Виена, Филхармонијата во Берлин, Филхармонијата во Келн, Филхармонијата во Есен, Филхармонијата во Луксембург… Во 2022 година, Селина се стекнала со звање магистер по уметности, во класата на Роман Риндбергер, на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Била наградена со почесната награда на Федералното министерство на Република Австрија за образование, наука и истражување. Во 2021 година премиерно го извела Концертот за труба „Утопија I: Чудни спирали“ на австрискиот композитор Томас Вали, на отворањето на фестивалот „Виен Модерн“ со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, а под диригентската палка на Марин Алсоп во виенскиот Концертхаус. Во март 2022 година, таа објави уште еден, трет албум во соработка со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена за „Орфео“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за работата на Меџити

Следно

Засилени сообраќајни контроли: Вчера санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Latest from Blog

Меџити: Административна или архивска работа не може да се прикаже како голем скандал

Денешното доставување документи од страна на СДСМ во Владата, како поткрепа на нивните сомнежи за наводна корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, тој

Ревизорите откриле проблеми во инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат

Ревизија на Државниот просветен инспекторат открила сериозни слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи. Се наведува дека не се вршени редовни инспекции од 2019 година, а екипираноста

ВИДЕО ОД ТЕРЕН: За 63 % намалени сообраќајките со тешки повреди – Колку контроли се потребни да се намали НЕкултурата?

Засилени сообраќајни контроли спроведува Министерството за внатрешни работи од почеток на месецов. Фокусот е на главниот ред, но контроли има низ целата држава. Иако статистиката говори дека состојбата со сообраќајната култура и

Полска крена воени авиони по тревога за воздушни напади над Украина

Полски воени авиони рано утрово го прелетаа воздушниот простор на земјата со цел зголемување на безбедноста, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Преземените чекори

Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 27 февруари ќе предводи собраниска делегација во официјална посета на Обединетото Кралство, што се реализира врз основа на официјалната покана од Сер Линдзи Хојл,
Go toTop