„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина

January 11, 2025
1 min read

На можните преговори со Доналд Трамп за окончување на војната во Украина, рускиот претседател Владимир ќе бара НАТО да се повлече од границите со Русија до позициите што воената алијанса ги имала во 1997 година. Исто така, тој ќе бара гаранции дека Украина никогаш нема да стане членка на Северноатлантската воена алијанса. Исто така, тој е сериозен во намерата да ги официјализира регионите на Украина – Луганск, Доњецк, Запорожје, Херсон и Крим – како дел од Русија, и покрај тоа што делови од овие области сè уште се под контрола на Киев.

Ова го дознава „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на анонимни извори од Кремљ.

Изданието наведува дека ниту во Москва, ниту во тимот на Трамп сè уште не е извесно кога би можела да се одржи средбата меѓу новоизбраниот претседател на САД и Путин. Од Москва испраќаат сигнали дека волја за таква средба постои. Трамп пред изборите изјави дека решавањето на украинското прашање би му одзело 24 часа, но неодамна неговиот советник Кит Келог спомена период од сто дена. Новиот американски лидер исто така посочи дека преговорите со рускиот претседател би можеле да се случат во рок од шест месеци по неговата инаугурација на 20 јануари.

Според весникот тимот на избраниот американски претседател сè уште нема донесено одлука каков пристап ќе има кон овие преговори, а роковите за завршување на конфликтот можат да се поместат најмногу до шест месеци.

-Путин сака да ги смени меѓународните правила за да ги неутрализира заканите за Русија. Тој е многу загрижен за тоа како би изгледал светот по завршувањето на војната, вели изворот.

Овие барања на рускиот лидер доаѓаат во контекст на изјавите на Трамп за можноста САД да го намалат финансирањето на НАТО или дури и целосно да се повлечат од Алијансата.

-Светот се менува, сè може да се случи, изјави соговорникот за „Фајненшл тајмс“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре почнува Вевчанскиот карневал

Следно

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

Latest from Blog

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на

Грипот се повлекува, но опасноста останува: Четири починати од почетокот на сезоната

Иако епидемиолошките податоци укажуваат на намалување на бројот на новозаболени, сезонскиот грип и понатаму остава сериозни последици кај најранливите категории. Институтот за јавно здравје информира дека е регистрирана уште една жртва, со

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со млади од градот, која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, без формални говори и протокол, со цел поттикнување искрен дијалог и размена
Go toTop