EXIT слави 25 години! Sex Pistols, Tiësto, Loreen и Eric Prydz се дел од првите 25 имиња на јубилејното издание

December 17, 2024
1 min read

Најголемиот музички фестивал во регионов, EXIT фестивал по повод 25. роденден носи фузија на култни изведувачи чии настапи останаа вечно испишани во историјата на фестивалот, заедно со оние кои премиерно ќе се појават на Петроварадинската тврдина и ќе го донесат звукот на иднината за новите генерации.

Списокот со првите 25 имиња за четврт век на еден од најзначајните светски фестивали, го предводат револуционерните Sex Pistols, симболот на панк движењето и бенд кој засекогаш го промени рокенролот, овој пат со енергичниот Френк Картер кој на бендот му даде нова сила и свежина правејќи го еден од најдобрите концертни состави на денешницата!

На оваа култна постава се придружуваат и зачетникот на електро-денс музичката сцена и глобалната суперѕвезда Tiësto, еден од водечките продуценти на електронската музика Eric Prydz, како и две техно диви —Indira Paganotto b2b Sara Landry, кои на тврдината ја носат светската премиера на ексклузивниот и нивниот единствен бек-ту-бек настап на светот во 2025 година!

Покрај нив на тврдината доаѓаат и Hurts, чиј емотивен концерт од 2014 година и понатаму се прераскажува, додека премиерно публиката ќе има прилика да ужива и во настапите на двократната евровизиска победничка Loreen.

Дека интересот за јубилејното издание ќе биде најголем досега, покажува и тоа што првите влезници ги снемува во рекорден рок. Во моментов во продажба е фестивалскиот пакет со дури 50% попуст по цена од 4600 денари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во продажба билетите за новите авиолинии од Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт

Следно

Бегството на Груби со дипломатско возило: Како пропадна акцијата за апсење на осомничените?

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop