EXIT Global Tour 2026: Скопје меѓу избраните градови ширум светот

October 25, 2025
1 min read

Познатиот регионален фестивал ЕГЗИТ (EXIT) објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.

Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија.

Оваа година, организаторите најавија дека српското издание на EXIT ќе се одржи во ноември, што значи дека во текот на летото нема да има традиционален фестивал во Нови Сад, со што Скопје има уникатна можност да биде најголемата фестивалска дестинација на EXIT во регионот идното лето.

 

Со ова, се потврдуваат и претходните најави на организаторите дека во тек е реализацијата на плановите за голем фестивал во Скопје, како дел од семејството на ЕГЗИТ фестивали ширум светот.

„Започнати се плановите за реализација на фестивалот во Скопје. Големо ни е задоволство што добивме покана Скопје да стане дел од Exit-овото фестивалско семејство. Македонската публика е од првиот ден меѓу најверните на Егзит и затоа сме подготвени, во партнерство со локални организации и музичари, веќе наредната година да започнеме голем фестивал во Скопје,“ стоеше во претходната изјава на организаторите.

EXIT, кој потекнува од Нови Сад, е еден од најпризнатите музички фестивали во Европа и светот, познат по својата уникатна комбинација на музика, младинска енергија и општествена порака. Само во Србија, фестивалот досега генерирал над 300 милиони евра туристички прилив, а неговите изданија низ регионот се препознаваат по силниот економски и културен ефект.

Овој настан во јавноста беше првично најавен по средбата меѓу основачот на EXIT Душан Ковачевиќ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по која беше првично најавено дека фестивалот ќе дојде во македонската престолнина. Со денешната официјална објава на EXIT, се потврдуваат тие најави и се реализира ветувањето дека Скопје ќе стане дел од светската фестивалска мапа.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ким Кардашијан ја менува кариерата: Дали ова е крајот на нејзиниот бренд?

Следно

Ѓорѓиевски: Секој ден сме на терен, Скопје ќе го направиме чист и уреден град

Latest from Blog

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,
Go toTop