Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат се подоцна

March 28, 2023
1 min read

Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА.

Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат.

Европското статистичко биро, меѓутоа, наведува дека има варијации од регион до регион.

Жените во Шпанија и Италија првото дете го добиваат на 31,6 години, потоа Луксембург со 31,3 години и Ирска со 31,2 години.

Спротивно на нив, жените во источноевропските држави го добиваат своето прво дете релативно рано, при што жените во Бугарија формираат семејство на просечна возраст од 26,5 години.

Властите наведуваат дека за да се задржи сегашната големина на населението жените ќе треба во просек да имаат по 2,1 дете, без да се земе предвид имиграцијата. Меѓутоа, додава ДПА, жените во сите земји-членки на ЕУ во 2021 година во просек имале по 1,53 дете.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Трагедија: Воз прегази маж во Хиподром

Следно

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром

Latest from Blog

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ, ОВА МОРА ДА ГО ИМАТЕ НА УМ: Жени кои настрадале од контакти и запознавање преку интернет

Мила Опалиќ, поранешна српска конзулка во Шведска, ги предупреди жените да бидат внимателни, особено по запознавање и контакти преку интернет и социјални мрежи,  бидејќи можат да станат жртви на организиран криминал и

Интервју на Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата одлука е безумие што ќе има последици. Зад ваков чин стои одговорност,

Зеленски: Санкциите од САД кон Русија не се доволни, потребни нѝ се ракети со долг дострел

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави дека новите американски санкции кон Русија ќе предизвикаат сериозна штета на руската воена машинерија, но и дека дополнително на Украина и се потребни ракети со
Go toTop