Европските лидери се состанаа во Молдавија

June 1, 2023
1 min read

КИШИЊЕВ (АА) – Речиси 50 лидери од Европа се состанаа во Молдавија на вториот состанок на Европската политичка заедница (АСТ), јавува Анадолу.

Лидерите на 47 земји и институции на Европската Унија (ЕУ) на европскиот континент, со исклучок на Русија и Белорусија, беа поканети на самитот АСТ во историскиот замок Мими, речиси 40 километри од главниот град Кишињев.

Молдавија, поранешна советска држава и сега земја кандидат за членство во Европската Унија, ги зајакнува своите врски со Западот во последните години. Земјата од почетокот на војната во Украина се соочува со безбедносни закани, со невиден прилив на бегалци, трговски нарушувања и економски проблеми.

Вториот состанок на АСТ во Молдавија, со население од 2,6 милиони, се смета за „силна порака за единство“ испратена до Москва од ЕУ и западните земји.

Се работи за неформален дипломатски форум основан минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Трите главни теми на состанокот се безбедноста, енергијата и поврзаноста.

Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата на ЕУ, која пристигна во Молдавија еден ден пред самитот, нагласи дека доаѓањето на речиси 50 шефови на држави и влади во Кишињев е „многу силна порака“ за Кремљ.

„Молдавија е во срцето на Европа. Молдавија е Европа“, изјави Фон дер Лајен.

Владата на Молдавија за време на самитот ќе се обиде да ги убеди лидерите на земјите членки, особено Германија и Франција, како и администрацијата на ЕУ да го забрзаат процесот за членство во ЕУ и да дадат членство што е можно поскоро, што инаку би траело многу години.

Пред состанокот, молдавската претседателка Маја Санду најави дека членството на нејзината земја во ЕУ ќе го стави на дневен ред за време на билатералните средби и дека сака да станат членка до 2030 година.

АСТ се смета за платформа каде од лидерите се очекува да разменуваат идеи и да разговараат за прашања кои треба да се решат.

Во овој контекст, лидерите ќе одржат многу билатерални и мултилатерални средби на самитот во Молдавија. Еден од нив ќе се одржи како дел од напорите за постигнување мир меѓу Азербејџан и Ерменија.

На дневен ред е и ситуацијата во Косово.

Покрај тоа, за време на самитот ќе се одржат и тркалезни маси меѓу лидерите.

Поради самитот, во Кишињев се преземени опсежни безбедносни мерки.

Безбедносните сили се на главните улици, а некои патишта се затворени за сообраќај.

Новинарите беа пренесени со воз до областа Булбоак, каде што се наоѓа замокот Мими.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ги повикаа Косово и Србија да преземат итни чекори за деескалација на тензиите

Следно

Столтенберг: Алијансата е подготвена да испрати уште војници на Косово, првите 700 се веќе на пат

Latest from Blog

Битола повторно на фудбалската мапа: женската селекција ќе игра квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на
Go toTop