Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД

February 23, 2025
1 min read

Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со американски трупи како „безбедносна мрежа“, додека францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер се подготвуваат да го посетат американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон следната недела.

Велика Британија и Франција развиваат план за распоредување на околу 30.000 европски мировници во Украина доколку Москва и Киев постигнат договор за прекин на огнот, соопштија европски претставници, пишува „Волстрит Џурнал“.

Сепак, европскиот план зависи од тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи на ограничена улога на американски војници која британските власти ја нарекуваат „безбедносна мрежа“.

Американските сили треба да обезбедат заштита за европските војници во Украина доколку се најдат во опасност и би ја одвраќале Русија од какво било прекршувања на примирјето, изјавиле неименувани европски претставници запознаени со ова прашање.

Елисејската палата и Белата куќа вчера потврдија дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со американскиот претседател Трамп утре во Вашингтон, а британскиот премиер Кир Стармер ќе биде во Вашингтон в четврток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени

Следно

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop