Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за буџетот на ЕУ за 2024 година 

November 11, 2023
1 min read

реклама


Советот на ЕУ и Европскиот парламент денеска во раните утрински часови постигнаа договор за буџетот на Унијата за 2024 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што соопшти Европскиот совет, Буџетот за следната година силно се фокусира на главните политички приоритети на ЕУ и е базиран на актуелниот тежок геополитички контекст. 

реклама

Вкупните обврски утврдени со Буџетот за 2024 година изнесуваат 189 милијарди и 385,4 милиони евра, додека предвидените исплати се во вкупна вредност од 142 милијарди и 630,3 милиони евра. 

Обврските се дефинирани како законски обврзувачки ветувања за трошење средства за активности кои се спроведуваат во текот на неколку години, додека исплатите ги покриваат трошоците кои произлегуваат од обврските преземени во текот на тековната или претходните години. 

реклама

Дополнително со Буџетот се предвидува на располагање да стојат 360 милиони евра, кои Унијата би ги користела за непредвидени потреби. 

По постигнувањето на договорот државната секретарка во шпанското Министерство за финансии и главен преговарач на Европскиот совет за буџетот на ЕУ за 2024 година, Есперанца Самблас Кинтана, изрази задоволство од компромисот. 

реклама

– Тоа ќе ни даде средства да се фокусираме на приоритетните области на ЕУ, истовремено задржувајќи доволно финансиска слобода за да одговориме на непредвидени околности, нагласи Самблас Кинтана. 

Според неа, вака договорениот буџет обезбедува реален пристап, имајќи ги предвид актуелниот економски и геополитички контекст, интересите на даночните обврзници и потребата на ЕУ да се грижиме за новите предизвици што може да се појават во 2024 година. 

Согласно процедурата на ЕУ, Европарламентот и Европскиот совет сега имаат рок од 14 дена официјално да го одобрат постигнатиот договор.  

Според најавите, се очекува Советот на ЕУ да го одобри усогласениот Буџет на Унијата за 2024 година на 20 ноември. Годишните буџети на ЕУ во Европскиот совет се усвојуваат со квалификувано мнозинство на гласови. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

Следно

Ал Каила: „По ѓаволите со меѓународната заедница која не може да ја запре машинеријата што убива болни и ранети“

Latest from Blog

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop