Европски совет: Хамас итно и безусловно да ги ослободи заложниците

October 15, 2023
1 min read

Денеска, лидерите на Европскиот совет усвоија изјава со која се утврдува заедничкиот став на Европската Унија (ЕУ) за ситуацијата на Блискиот Исток

ЕУ најостро го осудува Хамас и неговите, како што стои во соопштението, брутални и недискриминирачки терористички напади низ Израел, и длабоко жали за загубата на животи.

„Нема оправдување за теророт. Силно го нагласуваме правото на Израел да се брани во согласност со хуманитарното и меѓународното право пред ваквите насилни и недискриминирачки напади. Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време во согласност со Меѓународното хуманитарно право“,

се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европскиот совет.

Оттаму повикаа Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници без никакви предуслови.

„Ја повторуваме важноста од обезбедувањето итна хуманитарна помош и сме подготвени да продолжиме да ги поддржуваме цивилите во Газа на кои им е најпотребна, во координација со партнерите, обезбедувајќи дека таквата помош нема да биде злоупотребена од терористичките организации. Клучно е да се спречи регионална ескалација“,

стои во соопштението.

Оттаму велат дека остануваат посветени на траен и одржлив мир заснован на решение преку зајакнати напори во мировниот процес на Блискиот Исток.

„Ја нагласуваме потребата за широко ангажирање со легитимните палестински власти, како и со регионалните и меѓународните партнери кои би можеле да имаат позитивна улога во спречувањето понатамошна ескалација“,

се вели во соопштението.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина познатиот хуморист и сатиричар Војче Китаноски

Следно

Ин мемориам: Почина македонскиот хуморист и сатиричар Војче Китаноски

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop