Европски совет ги продолжи санкциите кон поединци и ентитети во БиХ

March 25, 2024
1 min read

Европскиот совет ги продолжи рестриктивните мерки кон поединци и ентитети во Босна и Херцеговина за уште две години, до 31 март 2026 година.

Европската Унија, според тоа, ќе ја задржи својата способност да воведува насочени рестриктивни мерки врз поединци или субјекти кои го нарушуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот идентитет на БиХ, се наведува ви одлуката на Европски совет.

Во одлуката, објавена вчера, се истакнува и дека може да се воведат рестриктивни мерки и против оние кои сериозно ја загрозуваат безбедносната ситуација во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот/Парискиот мировен договор.

Рестриктивните мерки во оваа рамка се состојат од замрзнување на имот, замрзнување на средства и забрани за патување во ЕУ за физички лица.

Европскиот совет на 22 март донесе одлука условно да и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за членство во ЕУ, но не ја утврди преговарачката рамка, наведувајќи дека БиХ мора да ги исполни сите претходно дефинирани критериуми, кои Европската комисија и ги постави на земјата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За една недела пријавени 72 нови случаи на голема кашлица, девет хоспитализирани деца

Следно

Макрон: Напаѓачите на Москва претходно се обиделе да извршат напади во Франција

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop