ЕВРОПСКА ПРЕМИЕРА ВО ЖЕНЕВА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА, ИМА И СВЕТСКИ ДИСТРИБУТЕР

1 min read

Долгометражниот документарен филм на режисерката Тамара Котевска „Патување пеш“ (The Walk) на 12 март ќе има европска премиера  во конкуренцијата за награди на најголемиот фестивал за човекови права ФИФДХ (FIFDH) во Женева, Швајцарија, каде ќе има 2 проекции, соопшти продукцијата „Охо“.

„Патување пеш“, вториот документарен филм на Котевска, ја имаше светската премиера лани на 9 ноември на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци. Претходниот филм на Котевска, „Медена земја“, што го режираше со Љубомир Стефанов, доби историски две номинации за Оскар, за најдобар документерец и за најдобар странски филм.

По проекциите во Женева, филмот ќе има пет проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А категорија во Европа Си-Пи-Ејч Докс (CPH DOX) во Копенхаген, Данска.

Од продукцијата додаваат дека реномираната компанија „Тугедер филм“ (Together Films), со седишта во Лондон и Њујорк и значајно искуство во светска дистрибуција на филмови, ги обезбеди правата на „Патување пеш“ и ќе го дистрибуира низ светот.
Минатата недела филмот беше претставен за продажба на овогодинешниот филмски маркет во Берлин, а во следниот период ќе биде дел од маркетите на фестивалот во Копенхаген и Ес-Екс-Ес-Даблју (SXSW) во САД.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри која претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. Филмот се снимаше две години во повеќе од 10 земји, како Сирија, Велика Британија и Јужна Африка. Патувањето на Амал, кој го бара своето семејство, завршува на Пикадили во Лондон, објасни Котевска. Куклата поминува пеш 9.600 километри и посетува 97 градови во 14 земји.

Котевска лани на 1 септември говореше на гала настанот „Светла! Камера! Влијание!“ (Lights Camera Impact) на 80. Венециски филмски фестивал, при што го претстави и својот нов документарец. Главен продуцент на филмот е британската филмска компанија „Греин медија“, македонски копродуцент е „ОХО продукција“, а доби поддршка и од македонската Агенција за филм.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Европејците веќе не веруваат во победа на Киев

Следно

Шведскиот репрезентативец приклучен на апарати поради болест на мозокот

Latest from Blog

Трамп казнет со 9.000 долари

Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се