Европска конвенција на шефови на полиции: Република Северна Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти

September 27, 2023
1 min read

реклама



Делегацијата од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, на 26 и 27 септември, во седиштето на Европол во Хаг, Холандија учествуваше на Европската конвенција за шефови на полиции 2023 година, осмислена како панел дискусии на актуелни теми кои што претставуваат предизвик земјите од Европа.

Организираниот криминал како фактор за дестабилизација на нашето општество, динамичното темпо на евалуација на сајбер криминалот, како и предизвиците од нелегалната миграција беа главни теми за дискусии за време на дводневната конвенција. 

реклама

Во рамки на Европската конвенција, директорот Тасевски, како што инфромираат од МВР, остварил и билатерална средба со извршниот директор на Европол, Катрин Де Бол, на која се дискутираше за моменталната успешна стратешка и оперативна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Европол. Де Бол го истакна успехот во борбата против криумчарењето на мигранти со оглед на намалениот проток на илегални мигранти низ територијата на РСМ. Директорот Тасевски ги објасни начините на кои македонската полиција се справува со криумчарењето на мигранти и упати благодарност до Европол во однос на оперативната поддршка што ја добиваме во борбата против недозволената трговија со дрога и борбата против тероризмот.  Де Бол и Тасевски потенцираа дека и во иднина ќе работат на јакнење на оперативната и стратешка соработка.

Директорот Тасевски оствари билатерални средби и со директорите на полициите на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија. На средбите, се вели во соопштението, бил ставен акцент на најновите миграциски текови, територијалната застапеност на Фронтекс, заедничкиот пристап кон спречување на криумчарењето на мигранти, како и заложбите на регионот да се стават под контрола организираните криминални групи, кои претставуваат закана за безбедноста на земјите од Западен Балкан. Заедничка констатација беше дека соработката е на завидно ниво. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Законот за амнестија ќе го блокираме, тоа е закон со кој се пуштаат криминалците на слобода

Следно

Протест од 9 часот, центарот на Скопје под сообраќаен режим

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop