Европска комисија: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ, да се вклучи во проектирањето на буџетот на ЕУ

March 20, 2024
1 min read

Европската комисија денеска усвои документ за реформи пред проширувањето и преглед на политиките, во кој се наведува дека проширувањето е од стратешки интерес за самата ЕУ и се порачува дека процесот на проширување треба да биде вклучен во проектирањето на следната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ.

Во документот, кој треба да придонесе за тековниот процес на дискусија за внатрешните реформи што ЕУ мора да ги спроведе за да се подготви за проширување, се бара од земјите во процесот на проширување да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се вели дека проширената ЕУ не треба со себе да носи нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови.

Во документот се посочува дека постепената интеграција стана важен елемент во подготовката на земјите за проширување долго пред пристапувањето, а исто така се предлага преминување од едногласно кон мнозинско одлучување во рамките на ЕУ во некои клучни области, вклучително и проширувањето, со одредени гаранции кои би ги заштитиле „стратешките национални“ интереси на земјите-членки.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија го продолжува учеството на воените трупи во КФОР до 2027 година

Следно

Неколку скопски села денеска без струја

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop