Европа не смее да попушти под притисокот и да стане „следбеник на Америка“

April 10, 2023
1 min read

Макрон ја повторил својата „омилена теорија“ за стратешка автономија на Европа, објаснувајќи дека континентот треба да избегне да биде вовлечен во судирот меѓу Кина и САД околу Тајван.

Токму „стратешка автономија“ е она за што Макрон и Европа имаат најголема поддршка од Ши Џинпинг и Кинеската комунистичка партија. Процената на Политико е дека кинеските политички лидери се уверени во падот на Западот и дека слабеењето на врските меѓу САД и Европа ќе го забрза процесот.

„Парадоксот е што, под паника, ние веруваме дека сме само следбеници на Америка.

Прашањето што Европејците треба да си го одговорат… е дали е во наш интерес да се забрза кризата околу Тајван? Не. Најлошото што може е да се помисли дека ние како Европејци мора да станеме следбеници на оваа тема и нашите насоки да го добиваме од американската агенда и кинеската реакција,“ изјавил Макрон.

Советници на Макрон за Политико изјавуваат дека тој и Ши „интензивно разговарале за Тајван, а Фон дер Лејен на кинескиот претседател му порачала дека „користењето сила за промена на статус-кво е неприфатливо.“

Одговорот на Ши бил дека секој што мисли дека би можел да влијае врз Пекинг околу Тајван е во заблуда.

Ставот на Макрон е нешто сличен на процената на Ши, па изјавува:

„Европа не може да ја реши кризата во Украина; како би можеле ние кредибилно да кажеме за Тајван ‘внимавајте, ако направите нешто погрешно ние ќе бидеме таму’? Ако стварно сакаш да ги зголемиш тензиите тогаш тоа е начинот како тоа да се направи.“

Според луѓе присутни на состанокот, трилатералната средба излегла од „рамките“ само околу темите Украина и Тајван. Ши наводно бил видно вознемирен што постојано го сметале за одговорен за конфликтот во Украина и „јасно бил разгневен од САД и околу Тајван“ и тоа што Европа почнала да покренува прашања од надворешната политика.

Макрон посебно мерак на своите домаќини им има направено со изјавата дека Европа треба да ја намали својата зависност од „екстериторијалноста на американскиот долар“, што е заедничка агенда која силно ја туркаат и Москва и Пекинг.

„Ако тензиите меѓу двете суперсили се загреат, ние нема да имаме време ниту ресурси да ја финансираме нашата стратешка автономија и ќе станеме вазали,“ порачал Макрон.

Во дополна на својот текст Политико пишува дека условот што го добиле од кабинетот на Макрон за да разговараат со претседателот, било интервјуто прво да биде проверено од Елисејската палата. Иако ова е спротивно на стандардите и политиката на магазинот, Политико сепак се согласил на условите за да може директно да разговара со францускиот претседател. Од магазинот инсистирале дека нема да објават ништо што претседателот не го кажал.

„Цитатите во текстот е она што беше кажано од претседателот, но некои делови од интервјуто во кои претседателот зборуваше поискрено за Тајван и Европската стратешка автономија беа избришани од Елисејската палата,“ пишува Политико.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ?

Следно

Откриен идентитетот на тројцата Македонци што загинаа во Италија

Latest from Blog

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон
Go toTop