Европа го враќа задолжителното служење војска?

June 14, 2023
1 min read

Од 29 кои се членки на НАТО, вклучително и Турција, само шест ја задржаа задолжителната воена служба. Обединетото Кралство, САД и Канада имаат исклучиво професионални армии веќе 50 или повеќе години. Сепак, руската агресивна војна врз Украина поттикна многу дебати за ова прашање, при што многу земји размислуваат дали треба повторно да воведат задолжителна воена служба и да ги зголемат буџетите за одбрана.

Украина, Литванија, Романија

Набргу по анексијата на Крим во 2014 година, Украина повторно ја воведе задолжителната воена служба за мажи на возраст од 18 до 26 години. Откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина на 20 февруари 2022 година, украинската влада донесе закон со кој сите физички способни мажи на возраст меѓу 18 и 60 години потенцијално подлежат на задолжителна воена служба.

Во Литванија од 2024 година, сите мажи на возраст од 18 до 27 години ќе треба да поминат 11 месеци воена обука. Од 2028 година, секоја година ќе се повикуваат 7.500 Литванци.

Во Романија првиот обид за повторно воведување воена служба не успеа во 2015 година, но романскиот премиер Николае Чиука, пензиониран генерал, лани повторно ја оживеа темата. Во тој предлог има идеја сите Романци на соодветна возраст за војска кои живеат во странство, да се пријават за воена служба во рок од 15 дена во случај на општа мобилизација.

Холандија и Шведска

Холандската армија моментално има недостиг од 9.000 војници, а владата размислува да го зголеми бројот преку задолжителна воена служба, како што тоа го направи Шведска од 2018 година. Најголемата скандинавска земја ја укина воената служба во 2010 година, но повторно ја воведе затоа што немаше доволно доброволци. Сега, сите 18-годишници треба да се пријават, но само мал дел се регрутираат за вистинска воена служба, како што е случај во Норвешка.

Норвешка и Данска

Поради строгиот процес на селекција, служењето воен рок во Норвешка има слично ниво на престиж како високообразовните квалификации.

Данска има и задолжителен воен рок, но има доволно доброволци за да се задоволи побарувачката.

Франција

Во Франција моментално се дебатира за „лајт“ задолжителна воена служба. Во 2019-та, Макрон воведе универзална национална служба која им овозможува на младите да волонтираат еден месец и да ѝ служат на својата земја. Владата сега размислува ова да го направи задолжително за сите на возраст од 15-17 години.

Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц го отфрли предлогот на неговиот министер за одбрана, Борис Писториус, за задолжително служење војска. Сепак, од разни страни на политичкиот спектар се бара дебата на оваа тема. Комесарката на Бундестагот за армијата, Ева Хогл, која исто така е од владејачките социјалдемократи како Шолц и Писториус, неодамна предложи да се разговара за задолжителна едногодишна служба во воени или цивилни институции.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Стојаноска: Коле Чашуле е мојот втор татко, човекот што ме научи како да пишувам, како да работам, како да се однесувам во светот на театарот и книжевноста, во животот…

Следно

Туристите воодушевени од глетката на водопадот Гирлевик

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop