ЕВРО2024: Роналдо e најдобар стрелец во историјата

June 11, 2024
1 min read

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства со 14 голови, кои ги постигна на пет континентални турнири.

Во Португалија 2004 постигна два гола, еден во 2008 година, три во 2012 година, уште три на ЕП во 2016 година, додека на последниот европски турнир постигна пет голови.

На второ место е легендарниот француски фудбалер и поранешен претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, кој сите свои девет голови ги постигна на Европското првенство во Франција во 1984 година, каде „триколорите“ ја освоија титулата победувајќи ја Шпанија со 2-0 во финалето.

На третото место се поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер и Французинот Антоан Гризман со по седум голови.

Следуваат Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, Португалецот Нуно Гомеш, Белгиецот Ромелу Лукаку, Холанѓаните Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој, Французинот Тиери Анри, Англичанецот Вејн Руни и Шпанецот Алваро Мората со по шест голови. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поставени прочистувачи за воздух во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Следно

Хантер Бајден е прогласен за виновен за нелегално купување оружје и лажење за употреба на дрога

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop