Еврејски доселеници нападнале Палестинци на Западниот брег

August 27, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Еврејски доселеници нападнаа Палестинци и нивните возила во Западниот брег, кој е под израелска окупација, известува Анадолу

Според зборовите на очевидците, еврејските доселеници ги нападнале палестинските фармери во регионот Кусра, во Наблус.

Во изјавата се наведува дека израелската војска, која поради нападот била вклучена во судирот меѓу еврејските доселеници и Палестинците, пукала врз Палестинците.

Тензии имало и меѓу еврејските доселеници и палестинската младина во селото Ал-Мезра ал-Гарбије во северниот дел на Рамала.

Палестинската официјална новинска агенција WAFA објави дека еврејските доселеници ги нападнале Палестинците и нивните возила со камења.

Западниот брег и Источен Кудс (Ерусалим) се под израелска окупација од 1967 година.

Околу 700.000 еврејски доселеници живеат во околу 300 илегални населби на Западниот брег и во Источен Кудс (Ерусалим).

Еврејските населби на Западниот брег и во Источен Кудс (Ерусалим) се нелегални според меѓународното право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фирма блиска до ДУИ победи на тендер за адаптација на салата „Борис Трајковски“, од МНР велат ја избрале најевтината понуда

Следно

Халанд има три гола на првите три натпревари сезонава во Премиер лигата

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop