Еве што треба да правите кога ќе ви се излупи кожата!

July 21, 2024
1 min read

Секој кој имал изгореници од сонце направил ексфолијација на кожата додека не се отстранат сите мртви клетки. Ова обезбедува само психолошко задоволство, како кога се чешате додека нешто ве чеша, но тоа не е воопшто добро за вашето здравје и изгледот на вашата кожа, велат лекарите.

Следниот пат кога ќе бидете црвени како рак, не ја лупете кожата! Иако изгледа безопасно, може да предизвика инфекција.

Поминавте некое време изложено под сонце, а сега ја плаќате цената за тоа? Ако вашата кожа се лупи, тоа значи дека сте изгореле лошо – навистина лошо.

– Лупењето е знак дека настанала значителна штета. Тоа е начинот на вашето тело да се ослободи од оштетените клетки кои потенцијално можат да станат канцерогени, објаснува докторот.

Еве зошто: Кога ќе изгорите од сонце, вашата кожа е оштетена од УВ зрачењето. Така, вашето тело се лекува со формирање на нов слој на здрава кожа. За околу четири до седум дена, новиот слој на кожата е целосно формиран, а мртвата кожа што го штити новиот слој почнува да се лупи.

Пилинг и хидратација се задолжителни доколку сакате да избегнете дамки после сончање и лупење на кожата

Бидејќи вашата кожа е ранлива во оваа состојба, не треба да ја лупите. Новиот слој одоздола работи на целосно заздравување на кожата. Ако го излупите горниот слој пред да биде подготвена кожата одоздола, процесот на заздравување може да се прекине и ризикувате да ја изложите младата кожа на инфекции и воспаленија.

Отворањето нова кожа без заштитниот сув слој погоре го олеснува навлегувањето на бактериите во вашата кожа. Секое место каде што е оштетена сувата кожа е потенцијален влез за бактерии. Ако добиете инфекција, тоа го зголемува ризикот од лузни.

Избегнувајте носење груби материјали во тој дел, советуваат лекарите. Исто така, колку и да е тешко, обидете се да не ја лупите изгорената кожа – може да го има истото штетно дејство.

Наместо тоа, нанесете хидратантен лосион или крем за кожа. Вашата кожа е многу исушена од сонцето, а лосионот ќе обезбеди влажност и ќе го забави процесот на лупење. Ако ни тоа не помогне, земете лекови како ибупрофен кои ќе го намалат воспалението и ќе го спречат лупењето на кожата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските млади кошаркари го освоија 15.место на ЕП

Следно

Почеток на производството на првиот електричен автомобил во Крагуевац

Latest from Blog

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop