Еве од каде „50 Cent“ ги добил приватните снимки на Паф Диди: „Кога ги видов реков: ‚О, сра** Вау.‘“

December 9, 2025
2 mins read

Една од најголемите забелешки што моментално затворениот рапер ги има во врска со документарецот се однесува на дел од снимките, за кои тој тврдеше дека биле „украдени“ од неговиот тим за потребите на серијата. Овие тврдења подоцна беа демантирани од режисерката на серијата и продуцентот Кертис „50 Cent“ Џексон. Сега, двајцата се осврнуваат и на тоа зошто Диди воопшто ја снимал таа спорна видео-материјална содржина.

Режисерката Александрија Стејплтон и 50 Cent деновиве активно го промовираат документарецот и во тој контекст разговарале со GQ. Тие биле прашани како ја добиле спорната видео-снимика. Бидејќи ниту „50 Cent“ ниту Стејплтон не го откриле изворот, добиле последователно прашање – зошто, според нив, Диди би чувствувал потреба да нарача снимање на таков материјал воопшто. Тоа го поттикнало изведувачот на „P.I.M.P.“ да го даде следниов одговор:

„Да бидам искрен, не знам зошто некој би сакал да го направи тоа. Кога го видов, беше како: ‘О, сра**. Вау.’“

Контекст: снимките биле направени во период од шест дена пред апсењето на Шон Компс во септември 2024 година. Неговиот тим тврдел дека Греми-освојувачот го снимал материјалот за свои лични потреби, но детали за тоа не биле објавени. Документарецот на Александрија Стејплтон ја обработува кариерата на Комбс – неговиот подем во музичката индустрија, а потоа и неговиот пад.

Стејплтон, пак, истакнала документаристичка перспектива кога објаснувала зошто е логично Комбс да се снима себеси:

„Интересно е тоа што, не знам дали се сеќавате, но за време на неговото изрекување на пресудата, тој всушност објави документарец што самиот го направи за да го прикаже својот живот како видео доказ во своја одбрана – и тоа беше објавено во јавноста. Мислам дека може да се види дека Шон е личност која сака да се снима. Имаше 10-годишна ера во реалити програмирање, нели? Не знам која била крајната намера, но мислам дека е фер да се каже дека тој сака да ја контролира својата приказна и секогаш да биде автор на сопствениот наратив.“

Стејплтон и Џексон претходно сугерираа дека снимките ги добиле од еден филмски автор, но потенцираа дека презеле огромни мерки за да го заштитат својот извор. Бидејќи идентитетот на изворот сè уште е непознат, Комбс и натаму јавно го изразува своето незадоволство од „The Reckoning“. И неговата мајка, Џенис Комбс, е незадоволна од серијата, па даде изјава во која се брани од тврдењата во документарецот дека била „насилна“ родителка.

„50 Cent“ – кој наводно неодамна добил цвеќе од Комбс – зборуваше и за тоа зошто се решил да го продуцира документарецот. Тој објасни дека неговиот долгогодишен конфликт со Диди нема никаква врска со одлуката. Според него, целта била да се покаже дека наводните постапки на Диди не биле толерирани од целата хип-хоп заедница.

Што се однесува до прекршоците за кои е обвинет, Диди беше прогласен за виновен по две точки за „транспорт со цел проституција“ по завршувањето на судскиот процес ова лето. Моментално ја издржува четиригодишната затворска казна во „FCI Fort Dix“.

Во меѓувреме, „Sean Combs: The Reckoning“, кој ја содржи и контроверзната снимка, е сè уште достапен за гледање на „Netflix“ со активна претплата.

Извор: Јаху

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) И ова е вештачката интелигенција: РОБОТОТ ПОДИВЕ И ГО НАПАДНА ТРЕНЕРОТ “НАСИЛНО И УЖАСНО“

Следно

Трошка искреност и кај обвинителот на заминување: Коцевски смета дека Анкетна ќе влијае лошо врз правдата и случајот за „Пулс“

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop