Еве која славна убавица ќе ја наследи Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“

February 18, 2024
1 min read

Поранешната пејачка и водителка Ана Севиќ, како што дознава „Блиц“, ќе ја замени Сања Кужет.

На таа сцена повторно се враќа Ана Севиќ која се натпреваруваше во музичката талент шоу програма „Ѕвездите на Гранд“, но овој пат како водителка.

Инаку, Ана и нејзиниот колега Милан Митровиќ пред неколку години водеа сличен формат за деца „Неки нови клинци“.

-Долго размислувавме кој би можел да ја замени Сања Кужет и имаше неколку дами во оптек. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ. Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите, вели изворот.

Да потсетиме, Ана Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа нејзиниот живот доби сосема поинаков правец. Таа со години беше во брак со Дарко Лазиќ со кој ја има ќерката Лорена и се посвети на приватниот живот.

Одвреме-навреме снимаше неколку песни, а потоа во меѓувреме се разведе од Лазиќ и се омажи за Даниел Недељковиќ, со кој ги има ќерката Сена и синот Симеон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ферари ги претстави своите тркачки бои

Следно

Познати идентитетите на жртвите и монструмот: Србин ги убил сопругата и нејзината мајка, па мирно чекал полиција

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop