ЕВЕ КАКВА ГОДИНА НЕ ОЧЕКУВА БИДЕЈЌИ ДЕНЕС БЕШЕ СОНЧЕВО И ВЕДРО – на Св. Трифун е добро да врне снег или дожд, еве зошто!

February 14, 2024
1 min read

Верниците денес го слават Свети Трифун.

Тој живеел во третиот век, а е роден во Кампсада, во Фригија. Неговите родители биле многу побожни и таа побожност ја пренеле на својот син.

Во својот живот се занимавал со чување на гуски, но бидејќи и бил верен на Христовата вера, Бог го обдарил со чудотворна моќ, и тој со своите молитви лекувал многу болни од разни болести.

Според преданијата Свети Трифун, помеѓу останатите ја исцели и Горда, ќерката на римскиот цар Гордијан, која страдала од некоја тешка душевна болест, која ниту еден лекар не можел да ја излекува.

Царот поради тоа богато го наградил, а тој сите тие дарови им ги подарил на сиромашните. За време на рискиот цар Дециј , Трифун претрпел страшно мачење и на крај умрел.

Свети Трифун се смета за заштитник на нивите, градините и лозјата и полињата.

Постои верување дека ако на овој ден паѓа дожд или снег, ќе биде плодна и дожделива година, а ако е ведро, годината ќе биде сушна и неродна.

Се верува дека Свети Трифун ја штити лозата од град и штетности и дека на овој ден треба да почне градинарството. Во некои краеви се поврзува за заштита од глодарите па постои обичај за отворање на ормарите преку ноќ.

Постои верување дека Трифун на својот празник во земјата фрла факел и од тој ден снегот почнува да се топи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЈ ЛИ И ГО ПОДАРИ ОВА НА КАРЛЕУША: Во домот на пејачката црвени балони во форма на срциња, а во ќесата скапоценост што не сакаше да ја открие (ФОТО)

Следно

Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори на 24 април и 8 мај

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop