ЕУ сака да формира обвинителство кое ќе собира докази за руските злосторства

January 27, 2023
1 min read

Европската Унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија против Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.

„Првиот чекор може да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази“,

рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура воените злосторства во Украина да не поминат неказнето.

Канцеларијата би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека обвинителството може брзо да се воспостави. Европската Унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.

На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.

„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“,

рече Фон дер Лајен.

На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како скопјани може да превенираат појава на нови бездомни кучиња?

Следно

Објавено видео од пукањето во Амбасадата на Азербејџан во Иран (ВИДЕО)

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop