ЕУ прави план за враќање на бегалците во Сирија

December 10, 2024
1 min read

Падот на Башир ал Асад ги доведе во неизвесност сириските бегалци во Европа. Неколку држави го покренаа прашањето за идниот статус на Сиријците кои во изминативе 13 години, за време на граѓанската војна во Сирија, добиваа азил и дозволи за времен престој во земјите членки на Унијата.

Германија, Белгија, Данска и Холандија најавија дека ќе ги стопираат барањата за азил поднесени од сириските државјани, од Елисејската палата велат дека работат на суспензија на тековните барања за азил, додека пак Грција во петок ќе одлучи за статусот на околу 9.000 сириски бегалци кои престојуваат во земјата. Австриската влада веќе најави дека ќе настојуваат сите бегалци кои доаѓаат од Сирија, да се вратат во матичната држава..

„Му наложив на Министерството да подготви програма за нивно враќање и депортација во Сирија. Ја следимe ситуацијата во Сирија која од час во час се менува и ќе видиме како тоа ќе влијае врз конечната одлука. Во моментов имаме речиси 13 000 барања за азил.“ – Герхард Карнер министер за внатрешни работи на Австрија.

Организациите за заштита на правата и за помош на бегалците предупредуваат дека ваквите одлуки се избрзани, напоменувајќи дека во делови од Сирија и натаму се водат борби меѓу ривалските групи. Неизвесна е и политичката стабилност во земјата. Дамаск е под контрола на Организацијата за ослободување на Левантот, која е формирана во 2017 година како огранок на Ал Каеда во Сирија и Либан. Иако, групата во последниве години се дистанцираше од Ал Каеда, и натаму се на листата на терористички организации на ЕУ, САД и Велика Британија. 

„Имајќи ја предвид значителна неизвесност и загриженост околу транзицијата во Сирија и нејзината иднина, ги повикуваме сите земји каде Сиријците престојуваат како бегалци да го поддржат правото на азил, како и принципот на безбедно и доброволно враќање. Останува да видиме дали оваа нова реалност ќе им овозможи на Сиријците да ги обноват животите или пред нив претстои уште потешка криза.“ – Меѓународен комитет за спасување.

Од Европската Унија пак велат дека во моментов, немаат никаков контакт со групата која се преставува како нова власт во Сирија.

 

„Како што групата презема поголема одговорност, ќе треба да ги процениме не само нивните зборови, туку и нивните дела. Во моментов не се занимаваме со нив или со нејзините водачи.“ – Ануар Ел Ануни – Портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика.

Во голема офанзива која траше помалку од 10 дена, Сириските бунтовници презедоа контрола врз Дамаск и ставија крај на неколку децениското владеење на семејството Асад, кое управуваше со државата од 1970 година. После бунтот против Башар ал Асад, кој почна во 2011 година и кој доведе до граѓанска војна во земјата, речиси 4,5 милиони Сиријци се упатија кон земјите членки на Унијата, каде добија статус на бегалци. Според проценките на хуманитарните организации, во 13-годишната крвава граѓанска војна во Сирија, загинаа околу 600.000 лица.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Народен правобранител: Во многу институции при вработувањето сѐ уште има дискриминација по етничка основа

Следно

Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop