ЕУ постигна договор за мигрантите, за едни е историски ден, за други темен ден за Европа

December 20, 2023
4 mins read

Според договорот, кој е прелиминарен и сè уште треба официјално да биде ратификуван од Европскиот парламент и Советот, земјите на првата линија во Јужна Европа ќе воведат построга постапка за азил на нејзините граници надвор од ЕУ и ќе имаат повеќе овластувања за одбивање баратели на азил. Земјите во внатрешноста на Европа ќе имаат избор да прифатат одреден број мигранти или ќе уплатат пари во заеднички фонд на ЕУ

Преговарачите од Европскиот парламент и Советот утрово постигнаа политички договор за миграција и азил. „Успеавме“, напиша Илва Јохансон, комесарка на ЕУ за внатрешни работи.

Според договорот, кој е прелиминарен и сè уште треба официјално да биде ратификуван од Европскиот парламент и Советот, земјите на првата линија во Јужна Европа ќе воведат построга постапка за азил на нејзините граници надвор од ЕУ и ќе имаат повеќе овластувања за одбивање баратели на азил. Земјите во внатрешноста на Европа ќе имаат избор да прифатат одреден број мигранти или ќе уплатат пари во заеднички фонд на ЕУ.

Советот на ЕУ во изјава напиша:

„Пет закони на ЕУ ​​околу кои шпанското претседателство и парламентот се согласија за сите фази на управување со азил и управување со миграцијата, почнувајќи од проверка на нелегални мигранти кога ќе пристигнат во ЕУ, земајќи биометриски податоци, процедури за подготовка и обработка на барања за азил, правила за утврдување која земја членка е одговорна за решавање на барања за азил, како и соработка и солидарност меѓу земјите членки и како да се дејствува во кризни ситуации, вклучително и во случаи на инструментализација на мигрантите. Новите правила, по усвојувањето, ќе го направат европскиот систем за азил поефикасен и ќе ја зголемат солидарноста меѓу земјите членки со тоа што ќе овозможат намалување на товарот на оние земји членки во кои пристигнуваат повеќето мигранти“.

Кои се новите правила

Според новите правила, земјата која не прифаќа бегалци би требало да плати 20 000 евра за секое лице што нема да го прифати, а требало да го прифати според квотата одредена во однос на бројот на жители.

Исто така, се воведува и брза постапка за проверка на правото на азил на надворешните граници на ЕУ. Во овие брзи процедури треба за најмногу 12 недели да се утврди чие барање за азил е очигледно неосновано затоа што доаѓа од релативно безбедна земја.

Луѓето што ќе бидат одбиени може, според новите правила, брзо да бидат вратени во својата татковина или во некоја трета земја. Дали некоја трета земја е соодветна, за тоа ќе одлучуваат земјите на надворешните граници на ЕУ, на пример Грција и Италија. Повеќе не постои заеднички список на безбедни земји. Семејствата со деца и малолетни лица без придружба, исто така, ќе бидат предмет на брза постапка.

За постапката на границата сега мора да се создадат нови, скоро затворени засолништа во земјите на надворешните граници на ЕУ, на пример, Грција и Италија. Првично, шведското претседателство предложи создавање на 120 000 места во прифатните центри. На крајот се дојде до една третина од тоа, односно 40 000 места. Според тоа, намален е бројот на бегалци што другите членки на ЕУ мора да ги прифатат како дел од трансферот на бегалците од камповите во Италија или Грција. Сите други членки на ЕУ треба да платат одредена сума во Европскиот фонд од кој се финансира заштитата на границите и другите задачи во рамките на превенцијата за миграција.

Бегалците од Сирија и Авганистан нема да бидат опфатени со постапката на границите бидејќи кај нив процентот на признавање на правото на азил е околу 50 проценти. За овие луѓе ќе важат „нормални“ процедури. Ова значи дека тие ќе бидат регистрирани во Грција или Италија, а потоа ќе го продолжат патувањето, најчесто во Германија. Таа „секундарна миграција“, која всушност не е дозволена според законите на ЕУ, но е вообичаена во пракса, нема да биде опфатена со новите правила.

„Историски ден“

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, рече дека 20 декември 2023 година ќе влезе во историјата.

„Европа уште еднаш им пркоси на изгледите. Јас сум многу горда што со пактот за миграција и азил донесовме и осигуривме решение. Ова е веројатно најважниот законодавен договор во овој мандат. Тоа беше грижа број еден на нашите граѓани во 2019 година и на многумина сè уште им е грижа број еден. Значи, тоа е договор што се создаваше повеќе од десет години“,

порача таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн, рече дека овој пакт за миграција и азил ќе обезбеди ефикасен европски одговор на овој предизвик.

„Тоа значи дека Европејците ќе одлучат кој доаѓа во ЕУ и кој може да остане, а не шверцерите. Ова ќе ги заштити оние на кои им е потребна помош. Овој пакт исто така ќе обезбеди земјите-членки заеднички да ја делат одговорноста покажувајќи солидарност со оние што ги штитат нашите надворешни граници, додека истовремено ќе ја спречуваат нелегалната миграција во ЕУ. А ЕУ и нејзините држави-членки ќе дадат алатки за брза реакција во кризни ситуации, кога земјите членки се соочуваат со голем број нелегални пристигнувања или инструментализација, кога непријателските земји намерно се обидуваат да ја дестабилизираат ЕУ или земјите членки“,

рече Фон дер Лајен.

Шефицата на Комисијата, исто така, истакна дека со пактот Комисијата ги поддржува земјите членки преку конкретни, оперативни мерки за справување со директни предизвици и спроведува конкретни акциски планови за борба против нелегална миграција преку Медитеранот, Балканот или Атлантикот”

„Ние градиме партнерства со земјите на потекло и транзит за да се бориме против шверцерите и трговците на луѓето и да обезбедиме ефикасно враќање на мигрантите, кои немаат право да останат во ЕУ, во нивната земја на потекло“,

додаде таа.

Левица: Ова е мрачен ден за ЕУ

Одговарајќи на политичкиот договор на ЕУ за миграција и азил, групата Левица во Европскиот парламент рече:

„Темен ден за ЕУ. Договорениот пакт за миграција и азил ја означува смртта на индивидуалното право на азил во Европа. Ова е најважниот напад врз правата на азил и миграцијата од воспоставувањето на ЕУ“.

Организациите за човекови права предупредија на импликациите од договорот за мигрантите и барателите на азил.

„Конечниот договор вклучува исклучително разочарувачки исходи во сите сегменти. Тоа ќе ги зголеми страдањата на границите и ќе го отежне барањето сигурност“,

рече Оливија Сандберг Диез, поборник на „Амнести Интернешнл“ за ЕУ ​​за миграција и азил.

Повеќе од 50 непрофитни организации предупредија во отворено писмо дека пактот за миграција ќе им овозможи на земјите произволно да ги затвораат децата и да ги преместуваат мигрантите, што ќе доведе во зголемено рано профилирање.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Општина Центар почна со отстранување нелегално поставени објекти и тераси

Следно

Маричиќ: Подготвени сме за следната фаза од преговорите, за која неопходно е завршувањето на обврските 

Latest from Blog

Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа, велејќи: „Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, рече тој.

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата
Go toTop