ЕУ: Подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата на северот на Косово  

June 3, 2023
3 mins read

Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани дејствија. Потребно е итно враќање на мирот, се наведува во соопштението на 27. земји членки на ЕУ

Неуспехот во смирувањето на ситуацијата на северот на Косово ќе има негативни последици, а Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки по овој повод, се наведува во соопштението на земјите-членки на Унијата, објавено денеска.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Членките на ЕУ, во соопштението кое на Твитер го објави портпаролот на ЕУ Петер Стано, испраќаат конкретни пораки и очекувања до косовските власти и до Србите на северот на Косово.  

„Очекуваме Косово да дејствува на начин што нема да водин кон ескалација на ситуацијата и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово“,

се вели во соопштението. 

Новоизбраните градоначалници, се додава, своите должности привремено треба да ги извршуваат во други простории и покрај општинските згради.  

Распишување на нови предвремени локални избори во четирите општини на северот на Косово е исто така едно од барањата наведени во соопштението, на кои од Унијата очекуваат да учествуваат и локалните Срби, кои се мнозинско население во општините.   

„Очекуваме учество на косовските Срби на овие избори“,

се вели во изјавата што портпаролот на ЕУ Петер Стано. 

Политичките претставници на српската заедница во Косово ги бојкотираа вонредните локални избори што се одржаа на 23 април, а на кои беа избрани градоначалници Албанци во општините Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. 

Европската унија во соопштението изразува загриженост во врска со статусот на највисока борбена готовност на српските вооружени сили, што беше прогласена по наредба на претседателот на Србија Александар Вучиќ, по ескалацијата на протестите на косовоските Срби на 26 мај.  

„Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани дејствија. Потребно е итно враќање на мирот“,

се наведува во соопштението.  

Србија и Косово се поканети што поскоро да се вклучат во дијалогот што го води ЕУ, што според соопштението подразбира почеток на работата за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство „без натамошно одлагање или предуслови“. 

 Во општините со српско население на северот на Косово тензиите ескалираа уште на 26 април откако градоначалници Албанци со помош на специјалните сили на косовската полиција се обидоа да ги преземат функциите во општините со мнозинско српско население откако победија на изборите што Србите ги бојкотираа.  

Насилствата дополнително ескалираа три дена подоцна, кога припадници на КФОР интервенираа да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред општинската зграда во Звечан, по што дојде до конфликт во кој беа употребени солзавец и шок-бомби, а со повреди завршија десетици лица од двете страни.  

По инцидентите во Звечан, НАТО одлучи да ја зголеми својата мисија од 4 000 војници на Косово за дополнителни 700 војници, откако 30 војници на КФОР беа повредени за време на судирите со српските демонстранти. 

„Европската Унија силно го осудува насилството врз граѓаните, војниците на КФОР, органите на редот и медиумите на северот на Косово. Насилството можеше да се избегне и мора да се избегнува во иднина“,

се наведува во соопштението. 

Од почетокот на тензиите, меѓународната заедница континуирано апелира да се преземат чекори за смирување на ситуацијата. 

Косовската претседателка Вјоса Османи и косовскиот премиер Албин Курти сигнализираа дека се подготвени за распишување на нови избори во четирите општини на северот.   

Во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, групи граѓани од 30 мај секојдневно протестираат против новоизбраните градоначалници Албанци на општините, а на протести излегоа и денеска.  

Српскиот претседател вчера изјави дека не знае кое е решението за деескалација на тензиите со Косово, но додаде дека сака да ги слушне предлозите на западните претставници кои идната недела ќе допатуваат во Белград.

Идната недела, како што објави регоналниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во посета на Белград и Приштина ќе бидат специјалниот претставник на Европската Унија, Мирослав Лајчак, и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал-Ула, историски град на културата на Саудиска Арабија

Следно

Марко Асенсио го напушта Реал

Latest from Blog

Берзански пресек: МБИ10 во благ пораст, промет од речиси 7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 31.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.293,43 поени. Во

ФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има

ВИДЕО | 49.000 МИГРАНТИ ЗА 24 ЧАСА – Сеута се соочи со невиден бран од Мароко

Речиси 49.000 мигратни пристигнале во шпанската северноафриканска енклава Сеута од Мароко во изминатите 24 часа, според проценките на локалните власти. Масовниот прилив предизвикал голем притисок врз граничните служби, откако илјадници луѓе ја

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите во патишта, болници и железници се инвестиции во животниот стандард

31 јули 2026, Скопје – Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал  од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како
Go toTop