ЕУ на вонреден самит за обезбедување пари за Украина

February 1, 2024
1 min read

Европските лидери денеска ќе се сретнат во Брисел на вонреден самит со цел да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да се придружи на планот за стабилно финансирање на Украина, но исто така ќе се обидат да обезбедат пари за Киев без Унгарија. Планот предвидува покривање на потребите на Украина од 2024 до 2027 со заеми од 33 милијарди евра и со грантови од 17 милијарди евра.

Парите треба да дојдат од буџетот на Европската Унија, па сите нејзини членки мора да се согласат со ова, но Унгарија, која продолжи да одржува блиски врски со Русија, сака секоја година да може да стави вето на исплатите.

Денешниот самит е последната можност да се постигне договор пред да се напушти опцијата за финансирање на Украина од буџетот на ЕУ и блокот да се врати на посложеното, поскапо и помалку предвидливо финансирање, што се користеше и порано. ЕУ не сака да чека повеќе зашто се очекува Украина во март да остане без готовина за нормално извршување на државните функции.

За да го наговорат Орбан да се приклучи на планот, европските лидери ќе предложат одржување годишни разговори за тоа како ќе се троши помошта за Украина, без да ѝ се даде право на вето на Унгарија. Засега е нејасно дали Орбан ќе го поддржи планот, бидејќи тој и натаму сака да го задржи правото на вето.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради штрајковите во Германија откажани стотици летови

Следно

Во Лондон денеска почнува судењето на Грета Тунберг

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop