ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел од Блед

August 28, 2023
2 mins read

За да бидеме веродостојни, верувам дека мора да зборуваме за времето и домашните задачи. И јас имам предлог. Додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека мора да бидеме подготвени – од двете страни – до 2030 година за проширување – порача првиот човек на ЕУ од Блед и доби аплауз од присутните

До 2030 година, двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во својот говор на денешниот Бледски самит и доби аплауз од присутните.

За да биде посилна и побезбедна, ЕУ треба да ги зајакне нашите врски и да стане помоќна и затоа сега е време да се справиме со предизвикот на проширувањето. И за нас во ЕУ … и за нашите идни земји членки, рече Мишел пред присутните.

„Да, верувам дека вака сега треба да ги нарекуваме земјите со потврдена ЕУ перспектива, идни земји-членки. Време е да се соочиме со предизвиците со јасност и искреност. Патот кон ЕУ за Западен Балкан започна пред повеќе од 20 години. Самитот во Солун, во 2003 година, ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Но, бавното темпо на ова патување во ЕУ разочара многумина. И во регионот … и во ЕУ. Се согласувам со канцеларот Шолц кога вели дека Европа мора да ги исполни своите ветувања. Така што сега проширувањето повеќе не е сон. Време е да се оди напред. За да бидеме веродостојни, верувам дека мора да зборуваме за времето и домашните задачи. И јас имам предлог. Додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека мора да бидеме подготвени – од двете страни – до 2030 година за проширување. Ова значи дека следниот долгорочен буџет на ЕУ ќе треба да ги вклучи нашите заеднички цели. Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни“,

истакна претседателот на Европскиот совет во својот говор и додаде дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за проширувањето на некои од следните состаноци на Советот.

Тој рече дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон оти би било фундаметална грешка ако ЕУ не се реформира пред следното проширување.

„Да бидеме искрени, понекогаш го користевме недостатокот на напредок на идните земји членки за да избегнеме да се соочиме со сопствената подготвеност. Сега мора сериозно да го разгледаме капацитетот на ЕУ да апсорбира нови членки. Оваа идеја понекогаш е погрешно сфатена како скриена пречка за пристапување“,

истакна Мишел.

Тој во својот говор се осврна и на билатерлните конфликти од минатото и порача дека нивното решавање може да биде поболно од реформите, но истакна дека е неопходно.

„Нема соработка без помирување. И морам јасно да кажам: нема простор за конфликти од минатото во ЕУ. Вашите луѓе, особено младите, сакаат да бидат инспирирани од посветла, поправедна и попросперитетна иднина. Приклучувањето кон нашата Унија би било одличен доказ за колективен успех. Идеално, сите би се здружиле. Сепак, идните земји членки се во различни фази на нивниот пат кон ЕУ. Но, треба да се погрижиме минатите конфликти да не се внесуваат во ЕУ. И да се користат за блокирање на пристапот на нивните соседи и идните земји членки. Еден начин може да биде да се додаде таканаречена ‘клаузула за доверба’ во договорите за пристапување за да се осигура дека земјите кои штотуку се приклучиле, не можат да ги блокираат идните земји членки“,

изјави Мишел.

Изјавата на Мишел дека ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, брифираат од Владата, ја легитимира и нашата политика на она што власта го определи како целна година за членство на С Македонија во ЕУ.

На 18. стратешки форум во Блед, кој годинава се одржува на тема „Солидарност за глобална безбедност“, а кој ќе трае утре и задутре, премиерот Димитар Ковачевски е придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма на која и дели тендери, така е и со Османи, одговорност ќе има

Следно

Ковачевски на Бледскиот форум: Северна Македонија моментално е најдобар кандидат за членство во ЕУ

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop