ЕУ ќе купува оружје за Украина со профитот од замрзнатиот руски имот

May 8, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Земјите од Европската Унија (ЕУ) одлучија да го искористат профитот од замрзнатиот руски имот за поддршка на одбраната на Украина, јавува Анадолу.

„Амбасадорите на земјите од ЕУ начелно се сложија околу мерките во врска со вонредните приходи кои произлегуваат од замрзнатите руски средства“, стои на официјалниот профил на Белгија, претседавач со ЕУ.

Во објавата на социјалните мрежи се наведува дека парите добиени од рускиот имот ќе бидат искористени за поддршка на обновата на Украина и на воената одбрана.

„Го поздравувам политичкиот договор за нашиот предлог за користење на приходите од замрзнатите руски средства за Украина“, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Истакнувајќи дека овие пари ќе ги направат Украина и Европа побезбедни, Фон дер Лајен истакна дека тоа има и силна симболика.

Земјите од ЕУ замрзнаа околу 200 милијарди евра на руската Централна банка поради војната во Украина. Финансиските институции кои држат руски средства остваруваат значителен профит со реинвестирање додека тие доспеваат.

Околу 180 милијарди евра од резервите на руската Централна банка замрзнати од ЕУ ги држи Евроклир (Euroclear), белгиски давател на услуги за клиринг и чување на хартии од вредност. Додека средствата на институцијата во нејзиниот биланс брзо се зголемуваат, Евроклир остварува големи износи на приходи од камати. Минатата година, Евроклир на тој начин заработи повеќе од три милијарди евра приходи од камати на руските средства замрзнати поради санкциите на ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пендаровски честиташе победа на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Туркије и Азербејџан ги зајакнуваат економските односи со четири клучни договори

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop