ЕУ ќе формира фонд од 150 милијарди евра за одбранбена подготвеност, Украина официјално партнер

May 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Земјите членки на Европската Унија постигнаа согласност за формирање Фонд за заем за индустриска одбранбена подготвеност (САФЕ) во износ од 150 милијарди евра, со цел зајакнување на одбранбениот сектор на блокот, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал, јавува Анадолу.

Шмихал во објавата на социјалната мрежа X соопшти дека со оваа одлука Украина официјално станува партнерска земја и ќе може да се интегрира во заедничките набавки на оружје и опрема во рамките на ЕУ, отворајќи нови можности за украинските компании во европските синџири на снабдување.

Тој ја опиша иницијативата како „важна и итна“ за зајакнување на безбедноста и на земјите членки на ЕУ и на Украина.

„Заедно сме посилни“, рече Шмихал, заблагодарувајќи им се на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и на Полска и другите партнери од ЕУ за нивната континуирана поддршка.

Се очекува САФЕ да насочи значителни заеми за зајакнување на индустрискиот капацитет низ цела ЕУ како одговор на зголемените геополитички тензии и растечките безбедносни барања на континентот.

Европската комисија сè уште јавно не коментираше за временската рамка за имплементација на инструментот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: 6 милијарди евра! Почнува нова ера на инвестиции, од Лондон кон Северна Македонија!

Следно

Фернандеш: Аморим е вистинскиот човек за Манчестер јунајтед

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop