ЕУ го усвои 16. пакет санкции кон Русија на третата годишнина од војната во Украина

February 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес го усвои својот 16. пакет санкции кон Русија, насочени кон клучните сектори на нејзината економија и поединци вклучени во војната против Украина, известува Анадолу.

Овој потег доаѓа во период кога војната влезе во четврта година, а претставниците на ЕУ ја истакнаа потребата да се ослаби способноста на Москва да ја продолжи воената кампања.

Најновиот пакет вклучува економски и индивидуални рестриктивни мерки што влијаат врз руската флота во сенка, финансиските мрежи и воено-индустрискиот комплекс на Русија.

„Веќе три години Русија немилосрдно ја бомбардира Украина, обидувајќи се да украде земја што не е нејзина“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Таа истакна дека секој пакет санкции го лишува Кремљ од средства за водење војна.

Во соопштението се наведува дека Советот на ЕУ вовел санкции за 83 поединци и субјекти одговорни за поткопување на територијалниот интегритет на Украина, а истовремено ги проширува критериумите за санкционирање на оние што управуваат со руската флота во сенка, бродови што се користат за избегнување санкции за извоз на нафта.

Сега вкупно 153 брода се ограничени според мерките на ЕУ.

Првпат ЕУ воведе забрана за трансакции на странски финансиски институции што го користат рускиот систем за финансиски пораки SPFS, исто така, ги прошири и ограничувањата на 13 клучни регионални банки.

Покрај тоа, 53 субјекти се додадени на списокот на оние што го снабдуваат рускиот воено-индустриски комплекс.

Санкциите вклучуваат и нови трговски ограничувања за технологијата на беспилотни летала, хемикалии и софтвер што се од клучно значење за развој на руското оружје. Воведени се дополнителни ограничувања за извозот на индустриски материјали и увозот на руски алуминиум, значаен извор на приходи за Москва.

Осум руски медиуми обвинети за ширење пропаганда на Кремљ остануваат без дозволи за емитување во ЕУ, а нови ограничувања се воведени за руските пристаништа, транспортните мрежи и авијацијата.

Пакетот, исто така, ги проширува енергетските санкции, ограничувајќи го софтверот што се користи за истражување на нафта и гас и забранува привремено складирање на руската сурова нафта во ЕУ.

Лидерите на ЕУ ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина „колку што е потребно“, а Калас истакна дека санкциите се клучен елемент во тековните напори за ставање крај на војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку

Следно

Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop