ЕУ ги повика косовските Срби да учествуваат во пописот и на градоначалничките избори

April 9, 2024
1 min read

Европската унија се приклучи на повиците упатени до сите граѓани на Косово да учествуваат во пописот на населението што започна во петокот, додека Србите во четирите северни општини ги повика да гласаат и за разрешување на градоначалниците во тие општини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во таа насока, ЕУ изрази жалење поради повиците упатени од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) и на други претставници на косовските Срби, за бојкот на гласањето и на пописот и ја повика СЛ да ја преиспита својата одлука да не учествува на гласањето за локалните избори закажани за 21 април.

Овие пораки, според приштинските медиуми, ги испратил портпарол на ЕУ, потсетувајќи дека „учеството на Србите од северниот дел на Косово во косовските институции е во нивен интерес и е неопходно за да се намалат тензиите во тој дел на Косово“, што беа предизвикани откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година.

– ЕУ жали поради одлуката на Српска листа да не учествува на изборите закажани за 21 април во четирите северни општини. Ова уследи по бојкотот на локалните избори од април 2023 година, се вели во ставот на Европската унија.

Во него се повторува дека изборите во април 2023 година, „иако беа во согласност со косовската рамка, не понудија политичко решение, бидејќи бојкотот од Србите резултираше со многу слаба излезност“.

– Ја имаме предвид загриженоста што ја изразија косовските Срби во врска со процесот на новите избори. Сепак, ја повикуваме Српска листа да ја преиспита одлуката да не учествува, се вели во синоќешната реакција на ЕУ што ја пренесоа косовските медиуми.

Во пораката од Брисел се наведува дека „демократија значи и остварување на правото на косовските Срби да го искажат својот став во гласачките кутии“.

– ЕУ потсетува дека е клучно локалните избори да се одржат во четирите општини на северот на Косово со учество на Србите без условувања. Одржувањето на нови избори за градоначалници треба да обезбеди целосно репрезентативно владеење на северот и да помогне во деескалација на ситуацијата. Гласањето за разрешување е чекор во таа насока, се вели во соопштението.

ЕУ изрази жалење и за повиците за бојкот на пописот на населението од страна на политичките претставници на косовските Срби.

– Унијата ги охрабрува сите во Косово да учествуваат на пописот, додека Агенцијата за статистики на Косово да ја интензивира информативната кампања за сите жители, вклучително и оние од немнозинските заедници, за да бидат доволно информирани за овој попис. ЕУ смета дека пописот е неопходен за многу одлуки за да се задоволат потребите на граѓаните, од ниво на влада, бизниси, граѓанско општество во Косово до меѓународна заедница, порача Брисел.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полската конзервативна опозиција со најмногу гласови на локалните избори

Следно

Македонски железници одбележуваат 151 година од основањето

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop