„ЕУ е подготвена за можни дополнителни царини од САД“

March 13, 2025
1 min read

БРИСЕЛ/ИСТАНБУЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) е подготвена во случај Соединетите Американски Држави (САД) да одговорат на контрамерките од ЕУ за царините на Вашингтон за челик и алуминиум, изјави денес портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, јавува Анадолу.

„Подготвени сме за што и да се случи. Подготвени сме повеќе од една година“, рече Гил на прес-конференција во Брисел.

Гил изрази жалење за царините од 25 отсто што САД ги воведоа на увозот на челик и алуминиум вчера.

„Ги повикуваме САД веднаш да ги укинат царините и да започнат преговори за да се избегнат нови царини во иднина“, додаде тој.

Истакнувајќи дека сакаат да преговараат со САД за царините, Гил повтори дека се подготвени за можните последици од одлуката на САД.

Царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум стапија на сила вчера.

ЕУ најави дека ќе воведе контрацарини за американски стоки во вредност од 28 милијарди долари од следниот месец.

ЕУ објави и листа на американски производи кои би можеле да бидат подложени на контрацарините.

Листата од 99 страници вклучува месо, пилешки производи, мисиркино месо, млеко и павлака, јаткасти плодови, кафе, овошје и зеленчук, алкохолни пијалаци, гуми за џвакање, електронски цигари, виски, облека, рачен алат, машини и мотоцикли.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

Следно

ВИДЕО: Градски светна, конечно исчистени трибините

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop