ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска задолжена за дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда

February 1, 2023
3 mins read

ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска ја извршува енергетската дејност дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда, општина Гази Баба согласно одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), информираат од компанијата.

-Заради оптимирање на трошоците и зголемување на ефикасноста на двата системи за централно греење кои функционираат одделно согласно лиценците: ЕСМ Енергетика и системот кој го сочинуваат ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство и ЕСМ Снабдување, извршено е одделување на мрежа која се наоѓа во населбата Автокоманда од ЕСМ Енергетика и нејзино спојување на дистрибутивната со мрежата која ја управува ЕСМ Дистрибуција и овие две мрежи се сега една функционална целина, изјави Александра Маројевиќ помошник на директорот за производство на ЕСМ. Согласно Законот за енергетика, како што кажа, ЕСМ дистрибуција на топлина, по претходно одобрување од РКЕ, има склучено договор со ЕСМ Снабдување со топлина за продажба на топлинска енергија наменета за потребите на потрошувачите.

-Токму затоа потрошувачите од оваа населба, од денеска се потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Во постапка согласно Законот за заштита на лични податоци во наредниот период ќе се изврши преземање на податоците на потрошувачите од претходниот снабдувач ЕСМ Подружница Енергетика, рече Маројевиќ. Новите потрошувачи од населбата Автокоманда, како што кажа, фактурите за топлинска енергија за февруари, кои ќе ги добијат во март и понатаму ќе ги добиваат од ЕСМ Снабдување со топлина.

-За домаќинствата фактурите нема да бидат зголемени во однос на претходните кои ги добивале од ЕСМ Енергетика. Деловните потрошувачи и образовните институции кај кои наплатата се врши по мерач ќе плаќаат по пониски тарифни ставови за топлинска енергија, прецизира Маројевиќ. Нагласи дека испораката на топлинската енергија до сите потрошувачите ќе се врши согласно законската и подзаконската регулатива по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури

. -За ЕСМ Снабдување од посебна важност е зголемување на довербата и подобрување на комуникацијата со потрошувачите и токму затоа е отворен уште еден, нов пункт за потрошувачи кој се наоѓа во населбата Автокоманда на ул Јани Лукровски бр.8 локал 4. На потрошувачите од населбата Автокоманда, ќе им бидат достапни сите информации и услуги кои ги нуди ЕСМ Снабдување со топлина на своите потрошувачи на својата веб страницата, како информации за локација на пунктовите и работното време, за „Центарот за грижа на потрошувачи“, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. На веб страницата се поставени и известувања за дефекти во дистрибутивниот систем, појасни Маројевиќ.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е потрошувачите од населбата Автокоманда да склучат „Договор за снабдување со топлинска енергија“ со новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина кон кого ја имаат обврската за плаќање на услугата од 01.02.2023. Договорот е одобрен од РКЕ.

-За таа цел потрошувачите на чие име се води сопственоста на станбениот или деловниот простор, потребно е да го симнат договорот поставен на веб страницата на ЕСМ Снабдување, да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и двата примерока и лично да ги предадат во еден од Пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. За потрошувачите кои немаат можност за пристап до веб страницата, договорите ќе бидат достапни и во Пунктовите. При поднесување на договорот потребно е потрошувачите да приложат на увид документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, посочи Маројевиќ.

Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, како што истакна, може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување со топлина, ќе биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот наведена во договорот и со тоа договорот ќе се смета за склучен. Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл.) потрошувачот е потребно да приложи на увид документ за идентификација како и документ со кој се докажува сопственоста на посебен дел од објектот како имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување.

-Ги повикувам потрошувачите за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. Заради навремено отклонување на пријавени дефекти, потребно е нашите екипи да имаат пристап до топлинските станици. Затоа апелираме до заедниците на станари во сите објекти, вклучително и објектите во Автокоманда, во комуникација со Центарот за грижа на корисници, да обезбедат пристап за екипите за одржување до топлинските станици на начин кој им одговара на двете страни, потенцира Маројевиќ

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов изданок на турската одбранбена индустрија: Оклопниот транспортер 8 х 8 Арма 2 спремен за сериско производство

Следно

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира

Latest from Blog

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со познатиот албански музички уметник Или Лимани, го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде одблиску ја проследија изградбата на универзитетскиот кампус. Меџити истакна дека

По екстремните горештини, силно невреме однесе два животи во Франција

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме ја зафати Франција во текот на ноќта, по долг период на екстремно високи температури, додека околу 53.000 домаќинства во петокот останаа без електрична енергија, јавија

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени

Ангелова: ВМРО го враќа достоинството и квалитетот во образованието

Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на
Go toTop