Ескобар му порача на Курти да ги повлече градоначалниците на северот, а тој возврати – за што служат тие згради ако не за градоначалници

June 4, 2023
3 mins read

Радиото на британскиот јавен сервис Би-би-си денеска објави интервју со претставникот на САД за Балканот, Габриел Ескобар, а веднаш потоа во програма го вклучи косовскиот премиер Албин Курти, кој чекајќи го своето вклучување во живо имаше можност да ги слушне пораките од Ескобар

Фрекфенцијата на радиото на Би-би-си денеска беше место на уште еден „судир“ предизвикан од изборот на градоначалници во општините со мнозинско српско население на Косово. Како што е познато, Србите ги бојкотираа локалните изборите поради редицата, според нив, спорни потези на премиерот Албин Курти, па на градоначалничките позиции беа избрани Албанци, кои добија поддршка од по едвај неколку стотици гласа.

Кога новоизбраните градоначалници се обидоа да отидат на работа, таму ги дочека толпа решена да не го дозволи тоа. Следеше интервенција на косовската полиција со цел градоначалниците да почнат со работа од општинските канцеларии, што доведе до судири кои мораше да ги смирува и КФОР. Состојбата сега е смирена, но е далеку од решена.

Западот го осуди насилството и повика на смирување на страстите, а традиционалниот партнер на Косово, САД, отидоа чекор понатаму и во неколку наврати побараа од косовскиот премиер Албин Курти да ја деескалира состојбата. На таа линија беше и претставникот на САД за Балакнот, Габриел Ескобар, чие интервју со радиото Би-би-си беше објавено денеска.

Габриел Ескообар, фото: 360 степени

„Има и други згради од кои можат да работат и ако ништо друго, ковид-19 не научи дека можеме да работиме од далечина“,

изјави Ескобар за Би-би-си.

Во одговорите на другите прашања на водителот, Ескобар објасни дека за САД било најважно да градат доверба меѓу заедниците, пред било што унилатерално да се направи. За жал, вели тој, нашите напори да се координираме со владата на Косово беа отфрлени.

Ескобар препозна вина за инцидентите и на страната на Србите, но беше крајно внимателен да носи заклучоци дали насилството било оркестрирано од Белград или се должи на локално незадоволство на косовските Срби од властите во Приштина.

Но, Ескобар не штедеше зборови кога беше прашан – што би сакале Курти да направи сега?

,,Многу јасно му сигнализираме дека треба да ги повлече градоначалниците од тие општински згради, дека треба да ја повлече косовската полиција од зградите и потоа итно, итно да почне разговори за формирање на Заедницата на српски општини”,

изјави Габриел Ескобар за Би-би-си.

Додека се емитуваше интервјуто со Ескобар, „на линија“ беше косовскиот премиер Албин Курти. Тој немаше можност за директна дебата бидејќи интервјуто со американскиот претставник за Балканот беше снимено претходно. Првото прашање што го доби Курти беше – што ќе направите по пораките од САД?

Курти не се двоумеше брзо да отфрли се што побара Ескобар.

„Во овие три општини, Лепосавиќ, Зубин поток и Звечан, ние имаме три општински згради. И ако во нив не се градоначалниците, тогаш кој треба да биде таму? Ако овие згради не се за градоначалници, кому треба да му служат? Градоначалниците се во своите канцеларии и така треба и да биде и да остане. Тие згради се сопственост на Република Косово. Порано имаше паралелни структури на Србија, но тоа се нелегални структури на платниот список на Белград, кој сака да ја дестабилизира нашата земја“,

изјави Курти.

Во понатамошниот разговор, Курти покажа подготвеност да повлече дел од полицајците, но под одредени услови.

„Ние би можеле да го намалиме бројот на полицајци, но прво насилната толпа која повреди наши полицајци, новинари и војници на НАТО мора да се врати или назад во Србија или во затвор“,

додаде Курти.

По ова следуваше заклучок на домаќинот на интервјуто – не ми звучите како човек кој е подготвен за компромис, на што Курти одговори:

„Не можам да правам комприс со (постоењето на н.з.) демократска република“.

Формирањето на т.н. ЗСО (Заедница на српските општини) е дел од брисеслките договори меѓу Белград и Приштина, на чие исполнување инсистира Белград. Во суштина, општините со мнозинско српско население треба да добијат повисоко ниво на самоуправа, односно одредено ниво на автономија од Приштина. За модалитетите на Заедницата преговараа и преговараат и сегашниот премиер на Косово, Албин Курти, и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меѓународната заедница на ЗСО гледа како на дел од пакет со кој Србија еден ден би ги нормализирала односите со Косово, па можеби и да го препознае или признае. Но, сегашниот премиер на Косово, Албин Курти, во повеќе наврати е јасен дека не сака да дозволи создавање на територија или територии на кои централната власт ќе има само ограничен пристап.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во свлечиште во Кина загинаа 14 лица, 5 се водат за исчезнати

Следно

Вучиќ: Србија е во тешка геополитичка ситуација

Latest from Blog

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас. На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Со ваква постава СДСМ не може да го тепа ВМРО-ДПМНЕ на мали голчиња во фудбал, а камоли на избори. Вака аналитичарот Агим Јонуз за КУРИР го кометира новоизбраното раководство на опозициската СДСМ.
Go toTop