Ердоган: „Засрамувачко е криминалецот кој извршил геноцид во Палестина да може да земе место под покривот на ОН“

September 26, 2024
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди присуството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), оценувајќи го тоа како срамно, известува Анадолу.

„Навистина е засрамувачко што злосторникот (Нетанјаху), кој изврши геноцид во Палестина, може да го заземе своето место под покривот на ОН. Ова е предавство на споменот на бебињата, децата, мајките, татковците, претставниците на ОН, новинарите и многу други кои беа брутално убиени“, им рече Ердоган на новинарите во Турската куќа во Њујорк во средата.

„Генералното собрание на ОН или ќе го третира тој убиец (Нетанјаху) како што заслужува или оваа срамна ситуација ќе остане како црна дамка во историјата на ОН“, рече Ердоган, и додаде:

„Хитлер имаше сон и на народите му даде кошмар. Денешниот Хитлер Нетанјаху порано или подоцна ќе сфати дека тоа е сон и ќе се соочи со реалноста“.

Тој рече дека ОН се во позиција во која не се во можност да ја исполнат својата мисија за спречување војни, не се во можност да ги заштитат дури ниту сопствените службеници и не се во состојба да го повика Израел на одговорност за убиствата.

Тој, исто така, нагласи дека Обединетите нации ја изгубиле својата функционалност и се претвориле во структура која е чувар на поредокот каде што моќниот е во право.

Тој нагласи дека неговата земја ќе му даде поддршка на Либан, кој исто така беше цел на израелски напади во последните денови.

„Ќе му дадеме поддршка на Либан да се ревитализира, ќе размислиме како да го вратиме во првобитната состојба. Посакуваме Либан да ја надмине траумата што е можно поскоро“, рече Ердоган.

– Односите со САД

Турскиот претседател се осврна и на претседателските избори во САД, изразувајќи надеж дека исходот од претседателските избори оваа есен ќе доведе до подобрување на односите со Туркије, иако остана скептичен, наведувајќи ги долгогодишните разочарувања и од републиканската и од демократската администрација.

„Се надевам дека новото раководство нема да биде полошо од претходното“, изјави Ердоган за новинарите во Турската куќа во Њујорк, каде престојуваше на маргините на 79. Генерално собрание на ОН.

„Прашањето со Ф-35 не е нешто што го доживеавме само за време на мандатот на Доналд Трамп. Сите администрации беа разочарување. И републиканците и демократите предизвикаа разочарувања. Ќе видиме дали ова ќе продолжи и во новата ера“, рече Ердоган во врска со исклучувањето на Туркије од програмата за борбени авиони од страна на САД, што Анкара долго време го нарекува неправеден и неоправдан потег.

Нагласувајќи дека Туркије побарува 1,45 милијарди долари од програмата за борбени авиони Ф-35, Ердоган истакна:

„Ова не е мала сума. Ќе продолжиме да преземаме чекори за да го наплатиме она што ни го должат“.

Тој додаде дека Туркије ќе ги преиспита односите со САД по изборите, во зависност од пристапот на новата администрација.

– Мировните напори на Украина и Русија 

Ердоган, исто така, се осврна на инволвираноста на неговата земја во мировните напори меѓу Украина и Русија, повторувајќи ја подготвеноста на Туркије да биде домаќин на потенцијална мировна конференција.

„Ние сме можеби земјата која најмногу сака праведен мир во украинско-руската војна“, рече Ердоган и додаде:

„Дипломатијата и дијалогот можат да стават крај на овој конфликт, но за жал, во моментов не сме блиску до тоа“.

Тој ја истакна уникатната позиција на Туркије како преговарач, која одржува отворени линии на комуникација и со Украина и со Русија, и вети дека ќе продолжи со напорите за мир.

На прашањето дали украинскиот претседател Владимир Зеленски зборуваше за можноста за мировна конференција во Украина или дури и во Туркије кога се сретнале на маргините на ОН, Ердоган рече:

„Рековме дека сме подготвени да учествуваме на оваа конференција. На ист начин, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и нашата разузнавачка служба ќе бидат во контакт со нив. Се надеваме дека како Туркије ќе учествуваме во воспоставувањето мир во регионот“.

– БРИКС и АСЕАН

Претседателот на Туркије ја истакна и улогата на неговата земја во глобалните партнерства и можните нови здружувања.

„Не можеме да ги прекинеме нашите врски со турскиот свет и исламскиот свет само затоа што сме земја на НАТО. БРИКС и АСЕАН се структури кои ни даваат можности за развојот на нашата економска соработка“.

Тој укажа на лицемерието на оние кои се против ангажманот на Туркије во БРИКС. „Оние кои велат ‘Не се приклучувај кон БРИКС или која било друга структура’ се истите оние кои не тераат да чекаме со години пред вратата на ЕУ, за која работиме за да стане дел од неа“.

Ердоган изрази оптимизам за зголеменото влијание на Туркије во овие организации:

„Првенствено верувам дека нашето присуство во БРИКС и АСЕАН, да се појавиме таму, ќе ја смени аритметиката на регионите.“

Блокот БРИКС го задржа само името, составено од долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, иако оваа година додаде неколку нови членки.

АСЕАН е Асоцијација на нации од Југоисточна Азија, политичка и економска унија на 10 земји во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уште еден пораз на Е. Пелистер во ЛШ

Следно

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ

Latest from Blog

Турскиот министер Фидан: Турција ќе ги следи потезите по одлуката на терористичката ПКК за самораспуштање

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Анкара внимателно ќе ги следи практичните чекори што ќе се преземат по одлуката за распуштање на терористичката организација ПКК,

Путин повика на продлабочување на соработката со исламскиот свет пред утрешниот форум во Казан

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес упати порака до учесниците на 16. Меѓународен економски форум „Русија – Исламски свет: Казан Форум“, повикувајќи на засилување на соработката во финансискиот сектор, технологијата

Мицкоски: ЕУ останува наша цел – „Мораме да ја смениме стратегијата за да станеме привлечни за неа“

Eвропската унија беше и останува наша цел како и на генерациите што доаѓаат, но единствено Македонија е земја за која не важат критериумите за членство во Унијата како и за другите земји

Цената на кафето отиде во небо: Се очекува ново поскапување

Цената на суровото кафе на светските пазари доживеа драматичен раст во последните неколку месеци, дуплирајќи се за рекордно кратко време, а експертите предупредуваат на нови поскапувања. Овој ненадеен скок е резултат на

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Милитантната група Курдската работничка партија (ПКК), која повеќе од четири децении водеше крвава војна со турските власти, објави дека се распушта и дека ќе го предаде оружјето. „Ја остваривме својата историска мисија.
Go toTop