Ердоган во пресрет на вториот круг од претседателските избори: „Искористете го вашето демократско право“

May 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се заблагодари на гласачите во странство што излегоа на изборите на 14 мај и ги покани да излезат на гласање во вториот круг од претседателските избори на 28 мај, јавува Анадолу.

Ердоган на својот профил на Твитер им прати порака на турските гласачи што живеат во странство.

„Почитувани наши граѓани што живеете во странство, успешно го завршивме првиот круг од изборите во кој излеговте на гласање во рекорден број“, рече Ердоган, додавајќи дека многу гласачи во странство гласале за него и за Народна алијанса.

„Не им подлегнавте на обидите на членовите на терористичката организација да ве заплашат и да извршат притисок, дополнително ја зајакнавте демократијата во Туркије, нѐ направивте сите горди“, рече тој.

Тој изрази длабока благодарност до гласачите во странство за чесниот и демократски став што го покажале.

„Сега пред нас е вториот круг од претседателските избори. Утре (сабота, 20 мај) започнува гласањето во странство и на граничните премини. Барам од вас да го искористите вашето демократско право и се надевам дека од овој тест ќе излеземе со чиста совест“, додаде Ердоган.

Народна алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија за правда и развојот (АК Партија) освои мнозинство во Парламентот.

На претседателските избори ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови, па така во новата изборна трка на 28 мај ќе бидат актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,5 отсто од гласовите и лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу, кој во првиот круг доби 44,89 отсто од гласовите.

Одѕивот на гласачите на изборите во земјата беше 88,92 отсто, а на турските државјани во странство 52,69 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Инциденти на реваншот во Алкмар, фудбалерите на Вест Хем ги бранеа своите навивачи

Следно

Иран: Погубени тројца мажи поради насилство за време на минатогодишните протести

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop