Ердоган во писмото до папата Франциск: Човештвото не треба да дозволи натамошно кршење на хуманитарното право во Газа

April 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во писмото упатено до поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, наведе дека човештвото повеќе не треба да дозволи кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во Газа, јавува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации при турското претседателство соопшти дека Ердоган испратил писмо за Палестина до папата Франциск.

Писмото на папата Франциск му го врачи шефот на Управата за верски прашања на Туркије, Али Ербаш за време на неговата посета на Ватикан, а во писмото Ердоган изразува задоволство од постепеното унапредување на односите меѓу Туркије и Ватикан.

Ердоган наведе дека Туркије, под мотото на хуманитарната дипломатија, го поддржува територијалниот интегритет на Украина од 2014 година, кога се случи илегалната анексија на Крим, и дека била и продолжува да биде на чело во одбраната на правото на живот и праведна борба на невините палестински цивили.

Истакнувајќи дека Туркије стана втора земја која обезбедува најголема помош за Газа, со речиси 45.000 тони хуманитарни залихи испратени од 7 октомври 2023 година, Ердоган рече дека во Туркије продолжува лекувањето на 429 пациенти и повредени лица од Газа, меѓу кои има и христијани, придружувани од уште 450 лица.

„Човештвото, свесно дека убивањето е забрането од сите аврамски религии, повеќе не треба да дозволи кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во Газа. Треба да го дигне гласот против намерното бомбардирање болници, училишта, џамии и цркви, кои не смеат да се напаѓаат ниту во услови на војна. Не е можно да се воспостави траен мир и стабилност на Блискиот Исток без праведно решение за палестинско-израелското прашање. Неопходно е создавање независна, суверена и географски интегрирана палестинска држава во рамки на границите од 1967 година со Источен Кудс (Источен Ерусалим) како главен град, и да го заземе своето место во глобалниот систем како рамноправен член на меѓународната заедница“, наведе Ердоган во своето писмо до папата.

Ердоган укажа и на неодамнешните тенденции кои го загрозуваат меѓуопштествениот мир и стабилност како што се антиисламизмот, расизмот и ксенофобијата кои се шират низ светот.

„На нашиот свет му е потребна инклузивна и рационална политика, како и актери кои можат да воспостават дијалог со сите страни во сите околности. Тоа ни е потребно повеќе од кога било досега во историјата. Во рамките на ова разбирање, ние сме одлучни и понатаму да го развиваме нашиот дијалог и соработка со Ватикан со цел ширење на културата на мирољубива коегзистенција и меѓусебно разбирање засновани на нашите заеднички човечки вредности и нашата цел да му служиме на светскиот мир“, порача Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расте бројот на случаи со алергија

Следно

Има авиони за гаснење пожари ама нема кој да ги лета, двајца пилоти заминаа во пензија

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop