Ердоган во Анкара го прими министерот за надворешни работи на новата администрација на Сирија

January 15, 2025
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара го прими министерот за надворешни работи на новата администрација на Сирија, Асад Хасан ал-Шајбани, и ја истакна потребата од укинување на санкциите за Сирија, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу.

Соборениот режим на Асад зад себе остави големи разурнувања, а Туркије ќе ги поддржи итните потреби на братскиот сириски народ и обновата на земјата, рече Ердоган, нагласувајќи дека нема место за терористички организации во иднината на Сирија, објави Директоратот на X.

На средбата е разговарано и за најновата ситуација во Сирија и за чекорите што треба да се преземат за зачувување на територијалниот интегритет на земјата.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана на Сирија Мурхаф Абу Касра и шефот на сириското разузнавање Анас Хатаб.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот за човекови права на ОН, Турк, повика на правда за жртвите на режимот на Баас и укинување на санкциите врз Сирија

Следно

Охрид за Водици – мерки за безбедност на капачите

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop