Ердоган вети елиминирање на заканата од тероризмот во Туркије и регионот

April 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна одлучноста за елиминирање на заканата од тероризмот не само во својата земја, туку и во целиот регион во иднина, јавува Анадолу.

„Одлучни сме да покажеме дека за тероризмот нема место во иднината на Туркије и регионот. Со неодамнешните избори оваа одлучност е дополнително зајакната“, рече Ердоган обраќајќи се на ифтарот со безбедносните претставници во главниот град Анкара.

Тој исто така нагласи дека тероризмот не е политичко прашање и дека треба да се третира поинаку.

Ердоган рече дека сите терористички организации, ПКК, ФЕТО, ДЕАШ и ДХКП-Џ, се непријатели на турскиот народ.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, прогласена за терористичка организација од САД, ЕУ и Туркије, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително и деца и жени.

Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД и чија екстрадиција беше формално побарана од Анкара, е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а ранети беа 2.200 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Св. свештеномаченик Василиј Анкирски

Следно

НАТО одбележува 75 години постоење

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop