Ердоган: Турција ќе биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО 2026

June 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција ќе биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО 2026 во главниот град Анкара и ќе подготви терен за донесување многу важни одлуки, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Во својот говор по состанокот на Кабинетот во Анкара, Ердоган рече дека се задоволни од напредокот постигнат за кратко време како дел од процесот „Турција без тероризам“.

„Се чини дека одредени елементи во нашата земја и во организацијата (терористичката ПКК) спроведуваат саботажни напори насочени кон динамитирање на напредокот. Нашата држава нема да падне во стапици“, нагласи Ердоган.

Затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан, во февруари повика на распуштање на ПКК и сите групи под неа, повикувајќи на прекин на нејзината терористичка кампања што трае повеќе од 40 години.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа: Трамп ќе потпише извршна наредба за укинување на санкциите за Сирија

Следно

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop