Ердоган: Туркије покажа дека стои покрај палестинскиот народ со испораката на над 45.000 тони помош

April 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије ја покажа својата поддршка за Палестина, која е под израелска опресија, со праќањето над 45.000 тони хуманитарна помош за палестинскиот народ, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Туркије покажа дека стоиме покрај палестинскиот народ во овие тешки моменти со помошта што ја пративме во регионот, која надминува 45.000 тони“, рече Ердоган преку видеопорака.

„Ќе ја продолжиме нашата поддршка за нашите браќа и сестри Палестинци додека не престане крвопролевањето во Газа и додека тие не живеат во слободна Палестина, со Источен Кудс (Источен Ерусалим) како главен град, врз основа на границите од 1967 година“, истакна турскиот претседател.

Претседателот, исто така, го критикуваше Израел за неговата агресија врз Појасот Газа, кој е под нелегална израелска блокада веќе 17 години и месеци на немилосрдни израелски напади во кои загинаа десетици илјади луѓе, повеќето жени и деца.

„Од 7 октомври Газа е рана што крвави не само во нашите срца туку и во совеста на целото човештво. Сведоци сме на сцени на бруталност во кои болниците, училиштата, црквите и џамиите, кои не треба да бидат цел дури ни во војна, се намерно бомбардирани“, рече турскиот претседател.

Споменувајќи дека досега 33.000 Палестинци се убиени од страна на Израел, а над 75.000 се повредени во израелските напади, Ердоган посака Алахова милост за оние што ги загубија животите и брзо закрепнување на повредените.

Според Обединетите нации, израелската војна, која влезе во шести месец, принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која му наредува на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паѓаат глобалните рекорди: „Периодот во кој моментално живееме веројатно ќе биде најтоплиот во последните 100.000 години“

Следно

Земон: Предизборна кампања, каков претседател и влада ќе добиеме?

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop