Ердоган: Туркије подготвена да помогне во испораката на природен гас на Унгарија

March 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије е подготвена да даде поддршка во испораката на природен гас за Унгарија преку Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП), јавува Анадолу.

Ердоган вчера во Анкара се сретна со унгарската претседателка Каталин Новак, по што беше одржана заедничка прес-конференција.

„Очекуваме Унгарија да продолжи да го поддржува промовирањето позитивна агенда во односите помеѓу Туркије и Европската Унија“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Туркије е подготвена да ја поддржи Унгарија во контекст на испорака на природен гас.

„Подготвени сме заедно со Азербејџан да дадеме секаков вид поддршка за испорака на природен гас за Унгарија преку Трансанадолскиот гасовод“, рече Ердоган.

Тој се осврна и на војната во Украина.

„Сакаме што поскоро на масата да донесеме мир помеѓу Украина и Русија и на тој начин да се заврши војната“, рече Ердоган.

Унгарската претседателка Каталин Новак истакна дека нејзината земја цврсто го поддржува проширувањето на НАТО.

Рече дека една од темите на состанокот била соработката во областа на енергетиката.

„Туркије ѝ помага на Унгарија во енергетската сигурност. Туркије има незаменлива важност во енергетската сигурност на Унгарија. Ни треба ‘Турски тек’ бидејќи доаѓа преку Туркије и сакаме да се заблагодариме и да кажеме дека сметаме на ваша поддршка по ова прашање“, рече Новак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓукановиќ: Уверен сум дека ќе победам на изборите, без оглед на излезноста

Следно

Азербејџан презеде контрола врз стратегиски точки во Источен Зангезур

Latest from Blog

“Перез ѝ помогна на Барса со 400 милиони евра!“

ФОТО: Real Madrid FC/X И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на

Канада бара обновување на северно американскиот трговски договор

Во соопштение објавено во вторник, канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк побара договорот да биде продолжен за уште 16 години, опишувајќи го како „исклучително корисен“ за сите три земји. Овој потег доаѓа

Пендаровски потврди дека на Водно се разговарало и за Груевски: Реков дека немам намера да го помилувам

Поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно потврди дека во претседателската вила на Водно се одржала средба меѓу претставници на тогашниот државно-политички врв и највлијателните амбасадори, на која се разговарало и за експремиерот Никола

Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!

ФОТО:.facebook.com/cff.hns/ Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута. Ова беше и за двете селекции претпоследна
Go toTop