Ердоган: Туркије никогаш нема да дозволи терористички структури во северен Ирак и Сирија

December 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије ќе спречи појава на „терористичка структура“ долж нејзината јужна граница, повтори денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Која и да е цената, Туркије нема да дозволи присуство на терористичка организација во северен Ирак или северна Сирија“, рече Ердоган на настан во метрополата Истанбул.

Неговите изјави уследија откако шест турски војници загинаа, а еден беше ранет во напад на терористите вчера (петок) во близина на северната ирачка граница.

Терористите на ПКК често се кријат преку турската граница во северен Ирак каде планираат терористички напади во Туркије.

Изразувајќи го своето сочувство за загинувањето на војниците, Ердоган соопшти дека од нападот, 12 терористи се неутрализирани во зоната на турската операција во северен Ирак, како и во северна Сирија.

„Во зоната на операцијата „Канџа“ и во северна Сирија досега се неутрализирани вкупно 12 терористи“, рече Ердоган.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение за јавност 23.12.2023

Следно

Мицкоски: Во чест на Даме Груев го искачивме врвот Петлец – слава му!

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за
Go toTop